Рекордна посетеност на Собранието во 2025

February 6, 2026
1 min read

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот дом.

Организираните тури се наменети за ученици, студенти, граѓански организации и други заинтересирани групи и вклучуваат едночасовна обиколка со водич низ просториите на Собранието, запознавање со неговата историја, надлежности, начин на функционирање и значењето на самата институција.

Во текот на 2025 година, Собранието го посетиле 11.328 посетители, што е досега најголем број посетители по воведување на можноста за организирани посети во 2014 година.

Собрание

-Бројот на организирани посети изнесува 239, при што најголем дел од нив биле реализирани во месец мај. Организираните посети се реализирани со ученици, студенти, граѓански организации, странски делегации, како и самостојно организирани групи на граѓани. Обиколките бележат високи оцени на евалуациските прашалници – посетителите позитивно ја оценуваат програмата и споделените информации, односот на водичот и посетата во целост. Како највпечатлива просторија меѓу посетителите најчесто се издвојува Охридската сала, уредена со резба со народни мотиви, која се користи од страна на претседателот на Собранието за состаноци со координаторите на пратеничките групи, протоколарни активности, потпишување на изјави и други настани. Организираните обиколки опфаќаат посета и на Пленарната сала, сала „Борис Трајковски“, сала „Длаборез“ (како дел од Кабинетот на претседателот), Кристална сала, Сала на Уставната комисија и други простории на Собраниската зграда, соопштуваат од Собранието.

Собранието и Парламентарниот институт ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, училишта, факултети и организации да ја искористат можноста за посета и да го доживеат Собранието одвнатре.

Организираните посети продолжуваат и во 2026 година.

-Од денес започнуваме со „Отворените денови“, кои ќе се одржуваат секој петок, со цел граѓаните редовно да имаат можност за посета и запознавање со работата на законодавниот дом. Информации за пријавување и организација на посетите се достапни на веб-страницата на Собранието.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Следно

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација
Go toTop