Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

February 6, 2026
1 min read

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината

од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување на животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на Македонците. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

Работна група за словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европски националности (ФУЕН) – Германија
Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

Отец Илија Мазнику – Свештеник на Албанската автокефална православна црква, со потекло од областа Голо Брдо – Тирана, Албанија
Курир.мк – Скопје, Македонија
Г-дин Љупчо Златев – Уредник на Лидер – Скопје, Македонија
Република.мк – Скопје, Македонија
Г-ѓа Марјана Дода – Уредник на Aргументум, Тирана, Албанија
Д-р Илир Шута – Новинар, Телевизија СОТ 7, Поградец, Албанија

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2026 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Следно

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Latest from Blog

Началникот на Генералштабот во Албанија: Потврдена заложбата за унапредување на меѓуармиската соработка

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво на кои

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop