ДУОДРАМАТА „ЕМИГРАНТИ“ НА БУЗАЛКОВСКА ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

March 18, 2023
2 mins read

Претставата „Емигранти“ во режија на Зоја Бузалковска, премиерно ќе се изведе вечерва во 20 часот на малата сцена во Драмски театар во Скопје. Бузалковска го постави текстот на Славомир Мрожек, познат полски драматург и сатиричар, а во дуодрамата играат глумците Дамјан Цветановски и Григор Јовановски.

Според режисерката, големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.

„Во суштина, ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена“, вели Бузалковска.

Дуодрамата „Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992, во подрумот на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, кој почина во 2012, а играле Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години.

„Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 во круг на пријатели. КСП „Јадро“ е иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата.

Режисерката Бузалковска, кажа дека во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.

„Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за ‘Емигранти’, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен, бидејќи живееме во време во кое секој од нас барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција. Да работиш дуодрама е еден предизвик, бидејќи нема многу керефеки, нема егизбиции, бегање“, рече Бузалковска.

Актерот Дамјан Цветановски е син на режисерот и професор на Факултетот за драмскли уметности (ФДУ) Владо Цветановски , и на прес-конференцијата рече дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.

„Отсекогаш ‘висела’ во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна“, рече Цветановски.

Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски. Репризите се на 21 и 24 март.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Црна Гора 2023: Избор помеѓу минатото и иднината

Следно

Продолжуваат градежните работи за изградба на фекалната канализација во Страчинци

Latest from Blog

Стојчевски во Отворено: Јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата

Пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчевски во Отворено рече дека, јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата. Според него, за да немаат финансиски проблеми и долгови потребно е цените за претпријатијата за

Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб во среда, 23-ти април загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот

Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Новините се однесуваат првенствено на регулирање на интернет-порталите, кои

Палестинскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара,

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите
Go toTop