Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

April 22, 2025
1 min read

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Новините се однесуваат првенствено на регулирање на интернет-порталите, кои за првпат се вклучуваат како официјални медиуми со обврска да се регистрираат во посебен Регистар што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Првично предложеното законско решение предвидуваше интернет-порталите да имаат најмалку тројца вработени со полно работно време, но по реакциите од медиумската заедница, посебно од локалните и помали портали, тој број е намален на два. За медиумите со „мал или специјализиран опфат“, доволно ќе биде да имаат едно лице вработено полно работно време и едно лице ангажирано со договор на дело.

Законот прецизира дека порталите кои сакаат да се идентификуваат како медиуми ќе мора да бидат впишани во електронскиот Регистар на издавачи на онлајн медиуми, кој ќе содржи податоци за фирмата, седиштето, одговорното лице, интернет-адресата и доменот на порталот. Регистарот не предвидува моментални поволности, но се најавуваат можности за идни субвенции и учество во политичко рекламирање за време на избори.

И покрај тоа што измените беа прифатени со широк консензус, дебатата меѓу предлагачот – Министерството за дигитална трансформација – и медиумските здруженија откри различни ставови. Главната забелешка беше токму бројот на потребни вработени, што за некои портали претставуваше нереална финансиска обврска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

Следно

Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop