Стојаноски: Филипче и Заев преку институции под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

January 18, 2026
1 min read

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и Зоран Заев. Тој вели дека бил изложен на големи притисоци од страна на тогашната власт за да му се одземе болницата, директно посочувајќи го тандемот Филипче и Заев, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Др. Митрев вели дека притисоците се случувале токму во периодот кога се водел судски случај против него, а Филипче и Заев ја имаа целосната власт и не бирале средства за да си ги задоволат апетитите. Во овој период, додека траел судскиот случај, преку институциите на др. Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно имал и забрана за продажба на удели во болницата. За тоа колку Филипче и Заев биле сериозни во намерите да ја земат клиниката Жан Митрев, говори и фактот за тоа дека само по една недела од нивното барање за откуп на болницата, ЈО ја повлекла забраната за продажба, со што било овозможена купување на удели во болницата. Ова е директен доказ за тоа како СДС, со Заев и Филипче ги злоупотребуваше институциите во државата, а дополнително со својата моќ вршеше притисок врз обвинителството, рече тој.

Стојаноски оценува дека уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него.

-Ваквите сведоштва треба веднаш да се проверат од страна на ЈО. Доста е веќе штитење од одговорност на Филипче и Заев. Време е да одговараат за секој еден криминал што го сторија изминативе 8 години, вели Стојаноски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Wolt ја започна кампањата „Зима на Wolt+“ – три недели ексклузивни попусти за сите членови на Wolt+

Следно

Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион во Индонезија – потрагата по патниците сè уште е во тек

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop