Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион во Индонезија – потрагата по патниците сè уште е во тек

January 18, 2026
1 min read

Индонезиските власти денеска потврдија дека се лоцирани остатоците од надзорниот авион кој исчезна вчера со 11 лица. Потрагата по патниците и екипажот во планинскиот регион на провинцијата Јужен Сулавеси и понатаму е во тек. Авион од типот ATR 42-500 ја изгубил врската со контролата на летање во саботата попладне, пренесува CNN.

Пронаоѓање на остатоците


Спасувачките екипи во неделата наутро ги лоцирале остатоците од авионот на планината Булусараунг во регионот Марос, околу 1.500 километри североисточно од главниот град Џакарта. Анди Султан, претставник на спасувачката агенција на Јужен Сулавеси, изјавил дека хеликоптерските екипи забележале делови од леталото.

„Нашите хеликоптерски екипи видоа остатоци од авионски прозорци во 7:46 часот наутро“, изјави Султан.


„А околу 7:49 часот откривме поголеми делови од авионот за кои се сомневаме дека се дел од трупот.“ Тој додал дека и репот на авионот бил забележан во подножјето на планинската падина.

Потрага и спасување


По пронаоѓањето на остатоците, властите најавија ангажирање на 1.200 членови на спасувачки тимови во потрагата по исчезнатите. „Наш приоритет е потрагата по жртвите и се надеваме дека некои ќе можеме безбедно да ги евакуираме“, изјави за локална телевизија Мухамад Ариф Анвар, раководител на спасувачката агенција на Јужен Сулавеси.

Потрагата е отежната поради густа магла и непристапен планински терен. На видеоснимка споделена од спасувачката агенција се гледаат делови од авионот расфрлани по планината, опкружени со густа магла и силен ветер.

Детали за летот и истрагата

Турбопропелерскиот авион, во сопственост на Indonesia Air Transport, ја изгубил врската со контролата на воздушниот сообраќај во саботата околу 13:30 часот по локално време. Леталото било изнајмено од индонезиското Министерство за поморство и рибарство за потреби на воздушен надзор на рибарството. Во авионот имало осум членови на екипажот и тројца патници, сите вработени во министерството.

Авинот бил на лет од провинцијата Џогјакарта кон Макасар, главниот град на Јужен Сулавеси. Причината за несреќата засега не е позната, а истрагата ќе ја води Националниот комитет за безбедност во сообраќајот на Индонезија.

Според податоците на страницата за следење летови Flightradar24, авионот летал над океанот на мала височина, поради што покриеноста со сигнал била ограничена, а последниот сигнал бил примeн околу 20 километри североисточно од аеродромот во Макасар. ATR 42-500, што го произведува француско-италијанската компанија ATR, е регионален турбопропелерски авион со капацитет од 42 до 50 патници.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Филипче и Заев преку институции под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Следно

„Тик-так, тик-так…“: Франк пред отказ од Тотенхем!

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop