Супермоделот Татјана Патиц почина на 56-годишна возраст 

January 11, 2023
1 min read

Татјана Патиц своевремено беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата „најмистериозна манекенка“. Многумина ќе ја паметат по нејзиното учество во видео-спотот на Џорџ Мајкл за хитот Freedom. Причината за смртта на Татјана Патиц сè уште не е објавена

Супермоделот Татјана Патиц, позната како член на славната петорка, која во текот на 1990-тите години од минатиот век ја формираше со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон, почина на 56-годишна возраст. 

Татјана Патиц во Хамбург, 2006 година/Фото: EPA-EFE/Kay Nietfeld GERMANY OUT

Татјана Патиц своевремено беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата „најмистериозна манекенка“. 

Манекенката во еден момент реши да се повлече од јавноста за да се посвети на семејниот живот, а во некои од своите изјави велеше дека „ги презира деновите на нејзината најголема слава“.

 Така во едно интервју пред две години изјавила дека „никогаш не ја продала душата“. 

 Сепак, таа се занимаваше со манекенство до 2019 година, кога чекореше на пистата за брендот „Етро“ во Милано. 

Татјана Патиц е родена во Германија, а пораснала во Шведска. Со манекенство започнала да се занимава на 17 години, кога го освоила третото место на натпреварот „Елит модел арк (Elite Model Arch) во Стокхолм. 

Наградата била патување во Париз со ограничен временски договор. 

Сепак, како што потсетува РТС, ѕвездата не беше родена толку брзо, бидејќи Патиц долго време беше без сериозен ангажман. 

Татјана Патиц во Минхен, 4 декември 2015 година/Фото: EPA/URSULA DUEREN

 Нејзината кариера тргна во нагорна линија, откако беше забележана од познатиот фотограф Питер Линдберг. 

 Таа беше на насловните страница на повеќе од 200 најпрестижни списанија. 

 Многумина ќе ја паметат по нејзиното учество во видео-спотот на Џорџ Мајкл за хитот Freedom. 

 „Татјана отсекогаш била европски симбол за шик“,

говореше  Ана Винтур, уредничката на Вог. 

Причината за смртта на Татјана Патиц сè уште не е објавена. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сестрата на Тупанчески ја повлече кандидатурата за функцијата за која решава брат ѝ – министер

Следно

Трајанов: Прво закон за една изборна единица, потоа избори и на крајот уставни промени

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop