Понуда од С. Арабија:“На Меси му понудив 1,4 милијарди евра, ме одби, сега му нудам бланко чек!“

January 13, 2026
1 min read
ФОТО: Inter Miami CF/FB

Иако тешко остварливо, ако се знае дека Лео Меси веќе го продолжи договорот со Интер Мајами, сепак првиот човек на Ал Итихад, Анмар Ал Хаили не се откажува и прави се што може да го донесе најдобриот фудбалер на сите времиња во својот клуб во Саудиска Арабија.

Ал Хаили наводно е спремен да му препушти на Меси сам да одлучи за финансиските услови и времетраењето на договорот.

Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек со кој може да напише кој било износ што го сака, со договор за кој било период што ќе го избере, дури и ако е доживотен“, рече Хаили.

Тој додаде дека доаѓањето на Меси би имало огромно значење за клубот:

Доколку Меси беше тука во Саудиска Арабија носејќи го дресот на Ал-Итихад, парите не би ми значеле ништо. Ќе ја прославевме лигата пред да започне бидејќи би го имал најдобриот играч во историјата на фудбалот.“

Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го потпише Меси откако го напушти Париз:

Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, но тој одби без дури и да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство претпочиташе да се пресели во САД. Го почитувам тоа и вратата на Ал-Итихад е секогаш отворена за него кога сака да дојде.“
Во врска со новиот обид за доведување, Ал Хаили рече:

Нема повеќе да си нагаѓаме со сумите еден на друг, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобро, а ќе видиме.“

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија

Следно

Стабилно и многу студено, од петок пораст на температурите

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop