ВУЧИЌ НЕ САКА НИ ДА ГИ ПРИМИ НИ ДА ГИ ВИДИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ: “Никој не ги поканил тука“

January 13, 2026
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека најавената посета на делегацијата на Европскиот парламент во Белград не е договорена со српските институции и дека тој нема да се сретне со нив.

Вучиќ, кој престојува во Абу Даби по повод Неделата на одржливост, нагласи дека делегацијата доаѓа без покана и без официјално известување. Според него, посетата е еднострано најавена, а обвинувањата дека ја избегнува средбата ги оцени како неосновани.

Тие никого не прашаа и никој не ги покани. Самите одлучија да дојдат. Во тој период јас одамна имам закажани разговори во Давос. Не избегнувам никого, но не ми паѓа на памет да губам време и да се среќавам со луѓе кои, според мене, не ѝ мислат добро на Србија – изјави Вучиќ, додавајќи дека е подготвен да разговара само со оние кои ѝ посакуваат напредок на земјата.

И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека таа нема да има средба со нив, бидејќи во истиот период ќе биде во официјална посета на Естонија.

Делегацијата на Европскиот парламент најави дека ќе престојува во Белград од 22 до 24 јануари.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјално: Кансело до крајот на сезоната во дресот на Барса! (ВИДЕО)

Следно

Година на конкретни резултати: ВЛЕН ја зацврстува коалицијата

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop