Курти: Целта ни е уште посилно партнерство со САД

January 11, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека Косово има за цел уште посилно партнерство со Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Владата на Косово, Курти го информирал Шоле за постигнувањата на Косово и воедно му се заблагодарил „за посетата, континуираната комуникација и посветеноста на САД како незаменлив партнер и сојузник, нагласувајќи ги целите на земјата за уште посилно партнерство со САД и интеграција во НАТО“.

-Се разговараше и за процесот на дијалог, европскиот план и односите меѓу Косово и Србија. Беше истакната потребата од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со заемно признавање, се вели во соопштението.

На средбата со премиерот присуствуваа и заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, заменик-помошникот секретар за одбрана за европска политика и НАТО, Спенсер Бојер и амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер.

По средбата со Курти во Американската амбасада, Шоле имаше заедничка средба со лидерите на неколку партии во Косово.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

50-тина родители и 60 деца со посебни потреби останаа 20 часа без струја во хотелот на ЕЛЕМ на Шапка

Следно

Сестрата на Тупанчески ја повлече кандидатурата за функцијата за која решава брат ѝ – министер

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop