Дел од децата од болницата во Козле кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза утре ќе одат на скрининг

March 16, 2023
1 min read

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека една група од децата кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза во болницата во Козле утре ќе одат на скрининг, а останатата група во понеделник.

-Ја пратиме состојбата со децата во болницата во Козле, утре дел од одстанатите деца кои биле во допир со овие деца ќе одат на скрининг една група, друга група во понеделник. Обезбеден е скриниг и на возрасните лица, но не сите сакаат и даваат отпор, рече Тренчевска.

Нагласи дека најпогодени се лицата сместени во прифатниот центар Визбегово каде преземаат мерки и се што е во нивна надлежност.

Посочи дека се во комуникација и со Министерството за здравство за да овозможат подбри услови на фамилиите кои живеат таму.

-Лицата сместени во Визбегово се вклучени во системот на социјална заштита, нивните семејства примаат детски додаток, некои и гарантирана минимална помош. Но, другите служби не си ја гледаат работата. На барање на Центарот за социјални работи повикавме водовод и канализација да ја исчисти канализациската мрежа, а комунална хигиена да го отстрани отпадот во кој луѓето реално живеат. Истите денеска се на терен. Центарот е постојано во Визбегово следиме, преземаме мерки се што треба и што е во наша надлежност, посочи Тренчевска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Експлозија и пожар во зграда на руската тајна служба: Едно лице загина, две се повредени

Следно

Колку пари даваат европските држави заради повеќе деца во семејството?

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop