Повеќе од 1 200 лица се соочуваат со обвиненија поради учество во немирите во Бразил 

January 11, 2023
2 mins read

Според меморандумот од федералните обвинители во кој имал увид британскиот национален сервис, групите кои го поддржуваат Болсонаро повикувале на „мега“ демонстрации кои требало да се одржат низ главните градови на бразилските сојузни држави

Повеќе од 1 200 лица се формално уапсени и се соочуваат со обвиненија во врска со немирите што во неделата се случија во главниот град на Бразил, кога толпа поддржувачи на поранешниот претседател на земјата Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот и уште неколку витални државни објекти, јавува Би-би-си. 

Поддржувачи на Болсонаро качени на куполата на Националниот Конгрес на Бразил/Фото: EPA-EFE/ANDRE BORGES

Властите имаат рок од пет дена да поднесат обвинение против сите осомничени кои беа приведени по немирите, а станува збор за повеќе од 1 500 лица. 

 Загриженоста од можни нови протести беше повод властите во земјата да наредат распоредување на големи безбедносни сили во главниот град, Бразилија. 

Извори од бразилската федерална полиција велат дека оние кои се официјално обвинети се задржани во академијата на безбедносните сили во Бразилија – каде што повеќето од уапсените беа одведени по немирите – а некои се преместени во други објекти. 

Властите предупредија дека некои од уапсените кои се ослободени, може повторно да бидат уапсени поради тековната истрага. 

Според меморандумот од федералните обвинители во кој имал увид британскиот национален сервис, групите кои го поддржуваат Болсонаро повикувале на „мега“ демонстрации кои требало да се одржат низ главните градови на бразилските сојузни држави. 

Во документот, исто така, биле наведени голем број дополнителни безбедносни мерки што треба да се преземат, меѓу кои и итно апсење на осомничени кои блокираат патишта и напаѓаат јавни згради, како и високи парични казни од 20 000 бразилски реали (3 830 долари или 3.168 фунти) за учесниците во вакви активности. 

За компаниите кои обезбедуваат логистичка и финансиска поддршка на луѓето што ги вршат вакви активности се предвидени парични казни до 100 000 бразилски реали (19 181 долари, односно 15 828 британски фунти). 

Бразилската влада, како што пишува Би-би-си, исто така, бара платформите на социјалните медиуми да преземат чекори за суспендирање на профилите кои биле вклучени во планирањето на нередите. 

Вчера, бразилските пратеници одобрија федерална интервенција со која беа распоредени воени сили за извршување на полициските и безбедносните задачи во Бразилија. 

Денеска изутрина десетици војници од бразилските национални сили можеле да се забележат на должност во близина на претседателската палата и Конгресот на Бразил. 

Многу од локалните жители, како што пренесува Би-би-си, гледаат со одобрување на распоредувањето на припадниците на безбедносните сили, кои велат дека се претпазливи од нови немири како оние што се случија на 8 јануари. 

„Сето ова е неопходно, за да се вратиме на работа. Кога го нападнаа Конгресот и претседателската палата се чувствував како да не можам да сторам ништо во врска со тоа “, вели Андерсон Родригез, жител на Бразилија.  

Тој додава дека сите вклучени во немирите треба да бидат обвинети за сторено кривично дело. 

„Не само луѓето кои беа тука, туку и луѓето кои ги финансираа“, посочува жителот на Бразилија. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украдени рачно направени оловни плочи од штипската уметничка галерија „Безистен“

Следно

Вработените во Брзата помош во Велика Британија повторно штрајкуваат, решение не е на повидок

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со свеченото доделување на наградите, вечерва беше затворено јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, манифестација која веќе шест децении претставува еден од најзначајните столбови на македонската култура и театарска

Шефицата на американските шпиони: СМЕ ФИНАНСИРАЛЕ БИОЛОШКИ ЛАБОРАТОРИИ ВО УКРАИНА

Директорката на Националното разузнавање во заминување, Тулси Габард, изјави дека објавува „досега невидени разузнавачки информации кои откриваат нови докази за претходно финансирање од американската влада на повеќе од 120 биолаборатории во повеќе

Божиновска: Нов импулс во односите со Турција – фокус на енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање

Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

Битола отсекогаш била град со посебен шарм, но во последните неколку години сведочиме на една поинаква, впечатлива креативна енергија која го издвојува градот на конзулите од сите останати во државата. Од фасцинантната „Зимска приказна“која
Go toTop