Вработените во Брзата помош во Велика Британија повторно штрајкуваат, решение не е на повидок

January 11, 2023
1 min read

Околу 25.000 вработени во Итната медицинска помош излегоа денеска на улиците на Велика Британија поради ниските плати и недостигот на работна сила во тој сектор.

Во штрајкот учествуваат болничари, возачи и луѓе кои одговараат на повиците. Тоа е втор протест на работниците во Брзата помош од средината на декември.

Претставниците на синдикатот тврдат дека платите на некои здравствени работници, вклучително и возачи и луѓе кои одговараат на повици, може да бидат под минималната плата.

– Кога не обвинуваат дека ги загрозуваме граѓаните, одговарам дека оваа власт ги загрози граѓаните со тоа што постојано одбиваше да разговара со нас. Ништо не ни нудат, изјави првиот човек на синдикатот „Унисон“, Кристина Меканеа.

Владините претставници во понеделникот се сретнаа со синдикалните претставници, но не беше постигнат договор, а решение не е на повидок.

На недостиг на работна сила и прекумерна работа се жалат и вработените во итните служби.

Според нивните тврдења, ваквата состојба е последица на недоволната државна поддршка и претходните финансиски кратења во тој сектор, а улога во тоа има и недостигот на странски работници поради Брегзит.

Британската Влада во последно време се соочува со бран штрајкови на вработените во јавниот сектор – медицинските сестри, машиновозачите, возачите на автобуси и работниците во поштата, како и работниците во Брзата помош.

Платите во јавниот сектор во Британија не ја следат двоцифрената инфлација, која беше 10,7 отсто во ноември 2022 година, ниту големиот пораст на трошоците за живот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Повеќе од 1 200 лица се соочуваат со обвиненија поради учество во немирите во Бразил 

Следно

Ахмети оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop