Промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски вечерва во Куманово

March 16, 2023
1 min read

Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Свое излагање за романот ќе има промоторот проф. д-р Кристина Николовска.

Приказната во романот е раскажана од три различни гледни точки, но тие се дозирано ограничени, читателот има потполна слобода сам да го креира настанот според сопствените „слоеви“.

„Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, вели авторот.

Венко Андоновски е роден 1964 година во Куманово, еден од најчитаните македонски автори во последната деценија. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси и ПСЖ не можат да се договорат за платата

Следно

Пилешки крилца как да си метнех

Latest from Blog

Њујорк тајмс: Албанија создаде „дигитална министерка“ за сузбивање на корупцијата, потоа креаторите се најдоа под истрага за корупција

Аватарот познат како Диела, претставен како првата министерка во светот генериран со вештачка интелигенција, требаше да помогне во намалувањето на ендемската корупција во Албанија. Но, постои проблем. Раководителите на агенцијата што го

Вучиќ: Ме интересира само дали се уставни нашите закони за судството

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се огласи по критиките од ЕУ за новиот сет закони во судството нагласувајќи дека не ги прочитал судските закони усвоени од српскиот Парламент, туку само ја проверил

Полицијата и армијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на претседателката Родригез

Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на привремената претседателка Делси Родригез на церемонија во Фуерте Тиуна, милитаризирана област во Каракас, каде што американските сили го заробија

Уапсен маж кој со автомобил повеќепати удрил во синагога во Њујорк

Полицијата на Њујорк денеска соопшти дека маж во текот на изминатата ноќ со автомобил намерно двапати удрил во синагога, односно во седиштето на еврејското хасидско движење Хабад Лубавич во Бруклин, како и

Владо Милев е нов одбојкар на унгарска Казинбарчика

Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев кој пред една недела го напушти шампионот Струмица и официјално се врати во Унгарија во неговиот поранешен клуб Казинбарчика. Како што потврдија од унгарскиот клуб,  Владо
Go toTop