Мел Гибсон – холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет деца

December 15, 2025
1 min read

Еден од највлијателните актери и режисери во современата филмска индустрија, Мел Гибсон, често е во фокусот на јавноста поради својата кариера, но и поради богатиот и комплициран семеен живот. Иако наскоро ќе направи 70 години, тој и понатаму работи активно, патува, а пред сè е посветен на своето големо семејство кое брои 9 деца од три различни врски. Мел Гибсон неодамна беше фотографиран на улиците во Рим со своето деветто дете, синот Ларс (8).

Првата љубов и најголемиот дел од семејството

Поголем дел од децата на Гибсон се од неговиот долгогодишен брак со Робин Мур, со која беше повеќе од две децении. Заедно имаат седум деца, една ќерка и шест сина. Иако повеќето од нив избраа живот далеку од рефлекторите, познато е дека тие растеа во стабилна семејна атмосфера далеку од холивудскиот гламур.

Најстарата ќерка Хана(45), со години беше присутна на филмските сетови, работејќи зад камерите и повремено соработувајќи со својот татко. Некои од синовите се обидоа во филмската индустрија, било како актери, било како продукциски соработници, додека други избраа сосема мирни професионални патишта. Заедничко им е што ретко се експонираат јавно, па и покрај славата на својот татко, тие го избегнуваат медиумскиот живот.

Врската со Оксана Григориева и уште една ќерка

По разводот од Робин, Мел започна врска со музичарката Оксана Григориева со која ја доби ќерката Луција. Оваа врска заврши бурно и прерасна во еден од најдраматичните скандали на Холивуд.

Имено, по разводот следеа обвиненија и судски спорови, кои со месеци ги полнеа таблоидите, но Мел Гибсон и покрај сè, остана посветен татко на својата ќерка, која денес расте со мајката и повремено се појавува во јавноста.

За Луција е познато дека покажува талент и креативност, особини кои можеби ги наследила од родителите.

Новата љубов и најмладиот наследник

Гибсон денес живее мирен живот со својата партнерка, младата сценаристка и поранешна спортистка, Росалинда Рос. Парот го доби синот Ларс Џерард, кој е најмлад член на семејството на Гибсон. Актерот повеќепати истакна дека Ларс го подмладува и мотивира, и дека му годи што повторно станал татко на позрела возраст.

Росалинд и Мел често патуваат заедно, а неодамна привлекоа внимание кога се појавија во Рим со малиот Ларс.

Семејството како најголемо поглавје

Иако Мел Гибсон имаше турбулентен живот, бурни врски и повремени скандали, факт е дека сиот свој живот го помина опкружен со своите деца. Неговото семејство е разнолико и бројно, а актерот, како што изјави, настојува да биде присутен во животот на своите деца, без оглед дали се работи за возрасни личности или за седумгодишно дете кое го шета низ улиците на Рим.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Следно

ВМРО-ДПМНЕ со Резолуција за крај на манипулациите на СДС за мигрантите, Резолуцијата носи сигурност, стабилност и јасен став против нелегалната миграција

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop