Гаши го проследил барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната Комисија

December 14, 2025
1 min read

Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев до Собранието бара мајката на тешко повреденото девојче во сообраќајната несреќа, во која учествуваше Јанчев.

Мајката Богица Тодоровска во барањето адресирано до претседателот на Соранието, Африм Гаши, како причини наведува индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет.

Се бара одземање на имунитетот на пратеник од Левица по сообраќајката во која почина малолетник, а девојче беше повредено

Од Собранието на прашање на Курир одговорија дека Гаши го проследил доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Јанчев.

-Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган, и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Во оваа насока, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање, стои во одговорот од Кабинетот на Гаши.

Додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

Следно

Дневен хороскоп за 14 декември 2025 година

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop