ВИДЕО: Како Заев понизно му се извинуваше на Вучиќ, за денеска СДСМ да обвинуваaт за „српски свет“ и разно разни непостоечки работи!

December 11, 2025
1 min read

Поранешниот премиер Зоран Заев и српскиот премиер Александар Вучиќ своевремено беа „најдобри“ другарчиња и нон-стоп си се извинуваа меѓу себе и го создаваа „Отворен Балкан“, за да денеска опозициската СДСМ на чело со Венко Филипче, која ги направи најкрупните грешни чекори од независноста на Македонија на штета на нашата држава, капакот на се беше промената на уставното име на Македонија, за денеска да обвинува за „српски свет“ и разноразни непостоечки работи, а притоа обидувајќи се да и наштети на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

Имено, Заев во 2017 година му се извинуваше на српскиот претседател Александар Вучиќ за навредите упатени кон него после наседнувањето во разговор со руските пранкери дека Вучиќ е руски човек и дека е „националистички водач кој се делкарира како лидер во регионот“.

Тогаш Заев изјави дека жали за невниманието и дека било негов момент на неспретност, а Македонија и Србија требало да ја унапредуваат соработката.

-Жалам за невниманието кое на нас политичарите ни се случува пред, за време или по кампања. Тоа беше момент на моја неспретност – изјави тогаш Заев во Брисел, притоа потенцирајки дека Македонија и Србија треба да ја унапредат соработката.

Ивинувањето на Заев тогаш во интервју за Пинк телевизија тогаш го потврди и српскиот претседател Александар Вучиќ кој истакна дека Заев му пишал порака со извинување.

Она што е најинтересно во случајот е што СДСМ заборава каква штета направила и предизвикала врз Македонија и македонскиот народ. Но, народот никогаш нема да им ја заборави пакоста која им беше нанесена од страна на тогашната владејачка СДСМ со премиер Зоран Заев и се разбира, Венко Филипче во таа Влада како министер, за кого и постојат основани сомненија за сторени криминали.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Следно

Гвардиола: Сè уште не сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop