Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник

March 15, 2023
2 mins read

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај граѓаните како ДУП Расадник.

Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија за квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.

Распишаниот Меѓународен конкурс за идејниот лик на Расадник, е своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското делување во Македонија бидејќи овозможува одговорно, транспарентно, стручно и хумано планирање на изгледот на оваа урбана заедница. Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот. Оттука, жири комисијата веднаш по завршување на Конкурсот направи опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации. Во изминатиов период се одржаа состаноци со Архитектонскиот Факултет, Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што, мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница.

Во новиот конкурс е олеснет процесот  за конкурирање, не е поставен лимит за пристигнати трудови, олеснување имаат и студентите кои можат да конкурираат без проектантско биро. Дополнително сите конкурсни документи сега ќе може да се стават на електронски медиум (CD или USB) кој понатаму, ќе треба во затворен коверт да се прати до Општина Кисела Вода. Ова значително финансиски им помага на странските учесници и беше дел од нивните барања.

Сочинет е од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.

Потсетуваме на наградите во износ од 15000, 8000 и 3 000 евра за прво, второ и треторангираниот, како и за двата откупа во износ од по 2000 евра, за кои ќе одлучува 9-члена меѓународна стручна жири комисија во која се вклучени и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, велат од општината. 

Сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и на е-маил адреса [email protected].

Интересно е дека распишувањето се поклопува со 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, после кој решение за новиот лик на главниот град се бараше токму преку Меѓународен конкурс. УНДП која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје, односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организација во рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот, ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадник преку своите меѓународни канцеларии, а ќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес.

Ги охрабруваме сите домашни и меѓународни стручњаци од областа на архитектонско-урбанистичкото планирање, сите оние кои во овој проект препознаваат предизвик за работа и професионален развој, да ни ги испратат своите идејни решенија за Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник. Се надеваме дека заеднички ќе овозможиме квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, кои пак, треба и мора да бидат императив во работата на секоја свесна и совесна локална самоуправа, велат од локалната самоуправа. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Саудиска Арабија најави наскоро можни инвестиции во Иран

Следно

Претседателот на Финска утре во посета на Турција заради разговори за членството во НАТО

Latest from Blog

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото

Пијано дуото „Променада“ ќе одржи концерт во македонската филхармонија

Во понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ со пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M.
Go toTop