ПЕСНАТА НА АЦО ШОПОВ СЕ ИЗВИШУВА НАД ГОДИНИТЕ, РЕЧЕ ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПОЕТОТ

March 14, 2023
1 min read

Наша обврска е зачувување на оставнината на поетот Ацо Шопов, еден од столбовите на македонската модерна поезија, рекоа учесниците на денешниот настан во чест на 100-годишнината од неговото раѓање во Музејот на македонската борба. Годинава земјава со повеќе настани ќе ја слави 100-годишнината од раѓањето на поетот и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија, а денешниот настан го организираа Општина Центар и Францускиот институт во Скопје.

„Кратко е времето да ги опфатиме сите вредности кои го сочинуваат животот и делото на Шопов. Неговото учество во НОБ, продукцијата на првата повоена книга на македонски јазик, воспоставување на фестивалот Струшки вечери на поезијата, но и неговите дипломатски и литературни ангажмани. Црпејќи инспирација во македонското народно творештво и водејќи се од Рацин, генијалноста на Шопов лежи во успехот да креира формули. Таа формула создава постојана модерна поезија, поезија со траен, современ сензибилитет. Шопов ја збогатува нашата литература и со преводи на литературни дела од други јазици“, рече градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Директорот на Францускиот институт, Иго Бештел кажа дека Шопов секогаш со себе имал скромност и едноставност, дури и во време кога ги извршувал највисоките функции.

„Ацо Шопов секогаш беше отворен и полн со почит кон светските култури и најмногу од сѐго водеше љубовта кон францускиот јазик, но уште повеќе, за сопствениот јазик, со кој тој толку блескаво твореше. Македонскиот јазик кој сега е признаен на европско ниво, се студира во Франција веќе долго време и има сопствена катедра на најпрестижниот јазичен универзитет“, кажа Бештел.

Годинава земјава со повеќе настани ќе ја слави 100-годишнината од раѓањето на поетот и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија, а денешниот настан го организираа Општина Центар и Францускиот институт во Скопје. (Фото: К. Попов)

Поетот Веле Смилевски рече дека е факт оти творечкиот развој на Ацо Шопов е еквивалентен на неколку важни фази од развојот на повоената македонската литература. Тие фази, како што рече, со своите специфики се одвиваа во јасно разграничени раздобја.

„А кога се во прашање годините, вистинска мера за нив е песната. Тоа е песната на Ацо Шопов, песната извишена над годините. Песната која и нас денес н ѐпотсетува на пораката на својот автор. ‘Твоите години и моите години, два брега, два камена, две небиднини. Твоите години и моите години наши години’. На тие два брега, два камена и две небиднини се извишува песната на Ацо Шопов како постојан поттик за нови пристапи, доживувања и толкувања. Песната со своите визии, со своите очи и несоници, со своите длабоки тајни и тајни длабочини, песната со своите молитви и со својата убавина на вечноста и вечното откривање, песната со своите тишини и своите интимни трикови и болештини, песната со камења, глуждови. Претставниците на повоената македонска литература одиграа значајна улога во афирмацијата, творештвото и стремежот за освојување на рамништа, кои беа основа на новите современи модерни тенденции, со кои во наредните децении македонската литература го фаќаше чекорот со развојните европски текови“, рече Смилевски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција ги укинува Ковид мерките

Следно

Руски борбен авион се судри со американско беспилотно летало над Црното Море

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа во тргувањето – МБИ10 месецот го заврши со раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во текот на јануари 2026 година, на Македонската берза се реализираа 1.350 трансакции со вкупен промет од 387.459.473

ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации

„Ги отфрламе ставањето на војските на ЕУ на списокот и обвинувањата за тероризам“, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар ал-Ануни. Претходно, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, откога ЕУ ја прогласи

Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци

Комерцијална банка, НЛБ и Алкалоид најтргувани – МБИ10 со раст од 1,45% на денешната сесија

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза На денешната берзанска сесија, 2 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа значителен раст од 1,45%, достигнувајќи ниво од

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа во тргувањето – МБИ10 месецот го заврши со раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во текот на јануари 2026 година, на Македонската берза се реализираа 1.350 трансакции со вкупен промет од 387.459.473
Go toTop