Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

November 24, 2025
1 min read

Нов научен труд од Универзитетот на Токио посочува дека седата коса може да послужи како вграден одбранбен механизам на телото против меланом – најсмртоносниот облик на рак на кожата, објавува „Далас експрес“ (Dallas Express).

Истражувачите, имено, откриле дека матичните клетки одговорни за пигментацијата на косата имаат критична улога по оштетувањето на ДНК – можат или да созреат во клетки што произведуваат пигмент, коешто на крајот го намалува нивниот број и доведува до сиви влакна, или да останат на место и потенцијално да станат канцерогени. Трудот, предводен од јапонската професорка Еми Нишимура и вонредниот професор Јасуаки Мори, покажува дека исходот зависи од видот на оштетување и хемиските сигнали од околното ткиво.

Кога меланоцитните матични клетки кај глувците биле подложени на сериозно геномско оштетување, како што се двојни прекини на ДНК, тие предизвикале заштитен одговор наречен диференцијација поврзана со стареење, преку патеката п53-п21. Оштетените матични клетки престанале да се обновуваат, се диференцирале во пигментни клетки и на крајот исчезнале. Така се јавила седоста, но и се елиминирала опасноста од рак.

-Истата појава и движење на матични клетки може да следи спротивни патеки – намалување или зголемување, во зависност од видот на стрес и сигналите од микросредината, вели Нишимура.

Наодите, објавени во неодамнешното издание на научното списание „Нејчр“ (Nature), ја претставуваат седата коса како активен механизам против ракот, а не само како деградација. Научниците предупредуваат дека врската не е директно причинска. Самата боја на косата не го одредува ризикот од рак, туку „одлуката на телото да ги жртвува“ пигментните матични клетки го намалува бројот на клетки што би можеле да станат малигни.

Тимот од Токио вели дека резултатите на крајот би можеле да доведат до терапии што безбедно го забавуваат видливото стареење на кожата и косата или ја подобруваат превенцијата од меланом со прецизно регулирање на одговорите на матичните клетки на оштетувањето. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемено нивото на повеќе реки во земјава

Следно

Кремљ: Не сме добиле нова верзија на мировниот план

Latest from Blog

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта

Ново невреме од Албанија и Косово доаѓа во Македонија – се очекуваат интензивни врнежи

По силното невреме што денеска предизвика штети во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нова нестабилна воздушна маса. Според информациите од УХМР, невремето

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот
Go toTop