Зголемен број туристи во Грција и зголемени приходи од туризмот во првите девет месеци од годинава

November 21, 2025
1 min read

Во првите девет месеци од годинава приходите се 20,1 милијарди евра, зголемување, што според Банката на Грција, се должи како на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 5,6 отсто, така и на зголемувањето на приходите од посетители од останатите земји за 12,7 проценти.

Во однос на бројот на туристи, во конкретниот период Грција ја посетиле 31,6 милиони, бројка, што е за 4 отсто повисока споредбено со 2024 година.

Патничкиот сообраќај и преку аеродромите и преку копнените гранични премини бележи пораст од 4,3 отсто, а бројот на патници од земјите членки на ЕУ-27 изнесувал 18,89 милиони патници, 0,8 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, додека пак од останатите земји е за 9,3 проценти повисок, достигнувајќи 12,7 милиони посетители.

Во септември годинава иако имало зголемување за 3,6 отсто на бројот на туристи во Грција, сепак тоа не резултирало со зголемени приходи, со оглед на тоа што, се намалени за 3,6 проценти.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, коментирајќи ги податоците од Банката на Грција истакна дека со стратешко планирање и соработка, инвестираат во „одржлив, отпорен, конкурентен и корисен туризам што создава можности за сите грчки граѓани“.

– Веќе влеговме во една ера во која квалитетниот туризам ги создава сите предуслови овој силен столб на грчката економија да значи поквалитетен развој на бизнис и инвестициската активност, поквалитетни работни места и локални заедници кои се развиваат рамномерно и на одржлив начин, како дестинации. Но, пред сè, овој колективен успех создава силен услов за зголемување на повратната корист што туризмот ја носи на грчкото општество, која се распределува правично и рамномерно, порача Кефалојани.

Минатата година беше рекордна за туризмот во Грција со речиси 36 милиони туристи и приходи од 21,7 милијарди евра, додека пак очекувањата се дека оваа година земјата ќе постигне нов историски рекорд. /МИА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина германската фудбалска легенда Дитер Херцог

Следно

Пушел цигара на својата тераса во Виена- сега мора да плати казна од 13.000 евра

Latest from Blog

Симеоне за инцидентот со Винисиус: Не се сеќавам, имам лошо памтење

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали настапот на својот тим, велејќи дека му се допаднала играта, но жали за нивниот недостаток на напаѓачка ефикасност. Тој, исто така, коментираше за неговата

Седум трендови во патувањата што ќе ја обележат 2026: Ништо од она што сте навикнале досега

Трендовите во патувањата се менуваат секоја година, но врз нив силно влијаат настаните во светот: глобалната несигурност, климатските промени, порастот на цените и брзиот начин на живот. Токму затоа Би-би-си направи преглед

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за
Go toTop