„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна

November 19, 2025
2 mins read

„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по досега најголемиот македонски концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ минатата година, на својата многуилјадна публика и подготвува ново концертно изненадување. Само што овој пат само најбрзите што ќе дојдат до влезница ќе можат да го проследат она што досега никој не го направил во историјата на македонската музичка сцена – да ги собере (речиси*) сите членови од сите досегашни постави на бендот на едно место, да ги качи на сцената и тие да ротираат во изведбата на безвременските хитови и евергрин балади на групата.

Токму со ваков своевиден и досега невиден концертен времеплов „Меморија“ ќе го затвори кругот и тоа на местото каде што се’ започна – МКЦ во Скопје.

Имено, групата во една снежна декемвриска ноќ пред повеќе од 40 години го имаше својот прв концертен настап токму на сцената на познатата „Дансинг сала“ на тогашниот „Дом на млади – 25 Мај“.

Токму во тоа име, на 25-ти декември на истото место пред оние што најбргу ќе дојдат до влезници, зашто просторот е ограничен, музичката историја на „Меморија“ ќе се повтори. Само што овој пат на досега невиден начин, зашто на сцената на сегашниот МКЦ ќе се појават дури 24 музичари од сите фази на бендот, кои ќе ротираат на бината таму каде што се’ започна и тоа во различни постави. Нешто што досега никој не го направил, особено не во толкав број на музичари кои биле членови на еден бенд и не на ваков начин.

Едноставно нема да се појават само оние кои за жал, повеќе не се меѓу нас, како првиот пејач на групата *Зоран Илиќ или не можат од оправдани и лични причини да бидат таа вечер дел од концертниот времеплов на „Меморија“.

Така, на сцената на МКЦ на концертот би требало да ги видиме: Петар Георгиевски-Камиказа (бас), тапанарите Антонио Димитриевски, Сашо Ангелов, Дино Милосављевиќ и Мите Димовски, клавијатуристите Дејан Миновски, Нино Бошњаковски, Зоран Радоњанин, Дејан Кузмановски, Александар Чекреџи, Валентино Скендеровски, Александар Хаџипаунов, Давор Јордановски, гитаристите Ристо Ставрев, Дуле Трпковски-Ринго, Ристо Ицо Јовковски, Александар Стефановски-Јаблан, Игор Атанасовски-Гуру Харе, Пеце Димовски, Димитар Мичо Божиков, Рубин Дикоски, како и пејачите Александар Стефановски-Јаблан, Драган Василевски, Апостол Поце Икономов и Ристо Самарџиев.

Некои од нив се очекува да допатуваат од Хрватска, Франција, па дури и од Мексико… каде што последниве децении живеат и работат.

Секако преку видео и фото спомени и ликот и гласот на првиот пејач на „Меморија“, прерано починатиот *Зоран Илиќ – Зоци.

Покрај познатите хитови и балади, ќе бидат ексклузивно изведени и некои од првите песни на групата, а и некои од подзаборавените нивни теми од најраниот период и самите почетоци на постоењето на „Меморија“ од почетокот на 80-ите години на минатиот век како: „Моја ли си“, „Лето и ти“, „Жорж„, „Град“, „Утра“…!

Во рамките на овој предновогодишен концертен пакет се предвидени уште неколку изненадувања, кои како и начинот и местото на продажба на влезниците во лимитиран број, деновиве дополнително ќе бидат соопштени во јавноста.

Фото: Архива/група Меморија

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пет фантастични намирници кои се одлични за здравјето на очите

Следно

Битола подготвена за дождовите: Координативен состанок и интервентни мерки на терен

Latest from Blog

Граѓаните на прво место: Ѓорѓиевски најавува ред и одговорност

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека Градот Скопје изготвил вкупно 1.032 решенија за данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина. „Ова е

Светот го дочека и ова: Кристијано Роналдо на прием кај Доналд Трамп

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо денеска верувале или не, беше на официјален прием кај претседателот на САД, Доналд Трамп. Светот е во шок, затоа што реално, Кристијано Роналдо

Меџити: Модерни клупи и столчиња за сите училишта во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска посети две основни училишта кои се дел од големата акција за модернизација на наставниот процес. Основното училиште „Лирија“ беше опремено со 200 модерни клупи и

Битола подготвена за дождовите: Координативен состанок и интервентни мерки на терен

Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија, претставници од ЈП Стрежево,
Go toTop