Битола подготвена за дождовите: Координативен состанок и интервентни мерки на терен

November 19, 2025
1 min read

Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија, претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен. Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата, со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација.

Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Ротинска Река на стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде привремено затворен за сообраќај.

Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин, Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште.

 

 

Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи непречено во текот на денот и вечерните часови.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна

Следно

Најмногу дожд во Претор и Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop