Со колку пари се купува среќата?

November 4, 2025
1 min read

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Иако е точно дека среќата не се купува со пари, имањето пари секако има свои предности. На пример, парите може да ви купат време да ги правите работите што ве прават посреќни, а кога донирате пари, тоа ви дава чувство на среќа.

Научници од Универзитетот на Калифорнија во Ирвин дојдоа до заклучок дека сумата на пари што ја заработувате влијае на тоа како ја доживувате среќата: ако заработувате многу поголема е веројатноста да доживеете позитивни емоции фокусирани на себе, а ако заработувате помалку има поголема веројатност да доживеете позитивни емоции фокусирани на или поврзани со други луѓе.

Заклучоците од истражувањето беа објавени во научниот журнал „Emotion“ од Американското здружение на психолози.

Претходни истражувања исто така утврдиле дека социјалната класа влијае во формирање на диференцијалните шеми на удоволување на самите себе наспроти удоволување на другите.

Со намера подлабоко да испитаат што значи тоа, научниците ги употребиле податоците достапни од претходно истражување со 1.519 испитаници на возраст од 24 до 93 години.

Било направено вкрстено анализирање на приходите на секој од испитаниците со нивните одговори на тоа како ги доживуваат седумте параметри за кои се смета дека ја сочинуваат среќата: разонода, восхит, емпатија, задоволност, ентузијазам, љубов и гордост.

Научниците откриле дека високите приходи се поврзани со параметрите како задоволност, гордост и разонода, кои по природа се фокусирани на самиот себе.

Пониските приходи биле поврзани со параметрите што се повеќе ориентирани кон другите: емпатија, љубов и восхит.

Не биле забележани разлики во поглед на ентузијазмот.

Во поглед на причината за ваквиот диспаритет, научниците имаат хипотеза дека „иако гордоста и задоволноста можеби се одраз на желбата за независност и самодоволност на поединците од високата класа, поголемата љубов и емпатија може да им помогне на поединците од пониската класа да формираат похармонични и взаемно зависни врски што им помагаат да се справат со потешката животна средина или ситуација, што е доволно интригантно за да се продолжи со понатамошни истражувања.“

Со други зборови, научниците не велат дека едниот начин на доживување на среќата не е подобар од другиот, туку дека начинот на кој секој од нас ја доживува среќата можеби е производ на начинот на кој постоиме и се справуваме со нашите индивидуални околности.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Следно

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop