По убиството во Ново Место, словенечкиот премиер свика вонреден состанок, двајца министри поднесоа оставки

October 26, 2025
1 min read

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми.

На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и активирање на специјални полициски единици доколку е потребно.

Премиерот Голоб свика кризен состанок утрово во 10 часот. На состанокот беа поканети министерката за правда Андреја Катич, министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности Лука Месец, главниот државен обвинител Катарина Бергант, претседателот на Врховниот суд Миодраг Ѓорѓевиќ и главниот директор на полицијата Дамјан Петрич.

Министерката Катич веќе по пристигнувањето на состанокот изјави дека ќе ја понуди својата оставка. 

По состанокот, премиерот Голоб се обрати до јавноста:

„Министрите одговорни за клучните области ги понудија своите оставки, а јас ги прифатив. Во наредните денови ќе предложам нов министер за правда“

Министерката во оставка Андреја Катич изрази сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Боштјан Поклукар изјави дека остро го осудува вчерашниот настан.

„Секое насилство во општеството е целосно неприфатливо. Преземам целосна објективна одговорност и поднесувам оставка.“

Голоб додаде дека и министерката Катич и министерот Поклукар ги понудиле своите оставки дури и пред кризниот состанок и дека „состанокот бил наменет исклучиво за разгледување на мерките и сценаријата за подобрување на безбедноста“.

На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори:

„Моето заминување не може да го врати мојот татко во живот. Министрите ја презедоа одговорноста. Моето заминување би било бегство од одговорноста – сакам да ја преземам за да може животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, да биде побезбеден во иднина.“

Во ноќта од петок кон сабота во центарот на Ново Место се случи напад врз граѓанин кој претрпел сериозни повреди на главата, а подоцна починал во болница. Нападот се случи во саботата околу 2:30 часот наутро, кога маж дошол во бар на улицата Розманова за да го земе својот син, кој му се јавил бидејќи му се заканила група Роми. Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, но полицијата досега уапсила 20-годишен осомничен припадник на росмка заедница, јавија словенечките медиуми 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Торино со пресврт до домашен триумф против Џенова

Следно

ДЕТАЛЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ, треба да знаете со време што ве чека

Latest from Blog

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми
Go toTop