Викторија Бекам била малтретирана од децата во училиште, тоа продолжило и на факултет

October 24, 2025
1 min read

Појавувајќи се во подкастот „ Call Her Daddy “ на Алекс Купер на 22 октомври, 51-годишната Бекам отворено зборувала за емоционалната и физичката злоупотреба што ја доживеала како дете и тинејџерка.

„Се сеќавам како стоев на игралиштето, буквално сама, а децата само собираа лименки Кока-Кола од барички и ги фрлаа по мене“, рекла таа. „Бев физички и психички малтретирана во училиште, а за менталното здравје не се зборуваше како што се зборува денес, па затоа само го туркав сето тоа настрана. Ме правеше сè посрамежлива.“

„Таа не се вклопуваше“

Викторија се присети како била тинејџерка која „не се вклопувала затоа што додека сите други деца пушеле и се дружеле по училиште, таа одела на часови по танцување или глума.“ Таа додаде дека дури и возрасните во нејзиниот живот се однесувале слично како и нејзините врсници.

Несигурности и здравствени проблеми

Нејзиниот изглед бил уште еден извор на несигурност. „Кога си помлада, хормоните ти се менуваат. Телото ти се менува“, рече Викторија. Таа додаде дека ја сметале за „глупава“ поради нејзините лоши оценки. „Покрај тоа, како тинејџерка ми беа дијагностицирани полицистични јајници. Ми рекоа дека можеби ќе имам потешкотии да забременам. Кога си тинејџерка, тие работи е тешко да се прифатат.“

Иако Бекам нагласи дека има родители кои ја поддржуваат, таа се срамела да зборува за малтретирањето со кое се соочила. „Не кажав никому, целиот мој школски живот беше ужасен.“ Неодамна проговори за сè што ѝ се случи во нејзиниот документарец.

Потсмевањето продолжи и на универзитетот, каде што ѝ било кажано дека не е „доволно добра“ или дека е „премногу дебела за да биде на сцената“. „Мислам дека тоа ме зајакна и ме подготви за она што следуваше“, рече таа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пешачел 100 километри во чест на 6- годишниот син, кој починал од рак- носи ранец, тежок колку детето (ВИДЕО)

Следно

Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop