АНАЛИЗА: Повеќе патници со јахтата на Заев ќе отпловат во заборав

October 24, 2025
3 mins read

Локалните избори се идеални, лузерите да си ги толкуваат резултатите како поволни за нив, па дури во некој сегмент и победнички. Но, „вистината е како шило“ кованицата популарна од времето на Груевски, на крајот ќе излезе на виделина, нешто што и самиот тој го искуси.

Иако на почетокот повиците за оставки или се срамежливи или доаѓаат од ликови директно потиснати од неприкосновениот лидер, тие се всушност како цунами. Доволно е првиот бран да дојде за да се наредат другите кои бришат се пред себе.

Кај СДСМ првиот бран е веќе дојден. Колку и да изгледаат смешно објаснувањата на првите луѓе на СДСМ дека партијата е помал лузер од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, тоа е единствениот начин да се обидат да го спасат лидерот Филипче, а со тоа и себе, од огромниот притисокот за оставка или смена што следи.

Првиот бран дојде од тој кој неосновано беше исклучен од шансата за нов мандат. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов повикува со ладни глави да се пристапи кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ. Неговата проценка на изборите да не оди како независен кандидат или да формира нов политички субјект, доволно зборуваат дека вратата на арената за лидерската битка во СДСМ е широко отворена.

Но, не е само Костадинов. Веќе не се бројат поранешни високи функционери или истакнати СДСМ-овци кои повеќе не ги поддржуваат Филипче и „монти пајтон“ раководството. Кога во катастрофалниот пораз на изборите сламката на спасот ја бараш во „ние изгубивме помалку гласачи отколку ВМРО-ДПМНЕ во споредба со парламентарните избори“, Филипче треба да знае дека тоа ПОМАЛКУ е МНОГУ ПОВЕЌЕ загуба за тоа што остана од партијата, зафатена од „ПАСОК синдромот“. Сега токму тие што ја држеа партијата високо во политичкиот живот со децениии, тие што беа исклучени од заевистичкото раководство, токму тие треба да ја вратат. Тие беа силата на СДСМ. Се разбира на краток рок секоја власт посакува опозиција со Филипче на чело и неколкуте „грации“ кои поим немаат каде оди партијата. Но, на долг рок ужасно слаба опозиција води кон ужасно лоша власт.

Освен, ако според актуелната политичка слика власта изгуби конкуренција, но опозицијата доби, токму во поразот на СДСМ и подемот на Левица.

А, лукративното здружение Левица нема долго да трае. Овие новокомпонирани квази комунисти, кои мислат дека анархијата е демократија и дека со насилство и директиви можат да ги излажат гласачите, засега им успева да освојат глас повеќе само кај младите бунтовници. Како стареат и тие ќе видат дека величењето од страна на Апасиев, Крмов, Мециновиќ и другите „шарени“ револуционери на албанскиот диктатор Енвер Хоџа и советскиот касап Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин е само една лукративна желба, како до нов автомобил по можност „џип“, одмор во омразената Грција или малку подалеку во омразените капиталистички дестинации, како и полн паричник со омразените капиталистички евра.
Таму внатрепартиската револуција веќе ги зеде првите жртви, основачите на Левица од здружението „Ленка“. Извесно е дека подемот на Мециновиќ ќе му го отвори апетитот да го предизвика Апасиев, кога ќе дојде време за тоа.

Барем така може да се протолку повикот на Апасиев Македонците да гласаат за Македонци. Притоа понесен од левичарските националистички крилја заборава дека Амар Мециновиќ е Бошњак. Ја чувствува опасноста Апасиев или не ќе покаже времето.

На исти националистички крилја лета и Билал Касами. Ззборавајќи дека за победа во Тетово му требаат и македонски гласови, тој ги повикува Албанците од Кичево да гласаат за ДУИ. Повторно дилемата е случајно или не?

Откако Изет Меџити победи во Чаир, неформалното лидерство со Вреди на Касами се проблематизира. Пораката е испратена и покрај тоа што Вреди за вториот круг официјално ги поддржа кандидатите од владеачката коалиција.

Предупредувањето од премиерот Мицкоски дека нема да заборави што жртвувале, а не добиле ништо, го враќа Касами во реалноста од националистичкиот вознес. Посебно кога тоа значи и предвремени избори и кога од устата на Мицкоски звучи вака: „нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат – може и да им се оствари“!

Особено во време кога Вреди и ДУИ се докажуваат секој низ својата призма кој победил на изборите и кога освен криминалот, национализмот е лузерската карта која ги однесе интегративците во опозиција.

И Ахмети тврди дека досега не загубил ниту едни избори, шпекулациите за негово заминување не бледеат. Веројано исчекувањата од вториот круг од изборите и кристализирање на состојбата во албанскиот политички кампус ја одложуваат одлуката. Посебно кога двете негови перјаници за прв интегративец, едниот е во бегство (Артан Груби), а другиот (Бујар Османи) доживеа дебакл во Чаир.

Каков и да е расплетот во Мала Речица, во моменти кога е ставена на „IGNORE“ од дипломатскиот кор, нови сили необременети од национализам и корупција ќе мора да го запоседнат партиското седиште.

ПС
Патниците на јахтата на Заев имаат избор. Да бидат СЛЕПИ и никогаш повеќе да не се слушне за нив, или да стојат на прамецот, како Филипче, па никогаш да не ги заборавиме, за жал!
Сидрото на Заев наместо да влече напред, влече на дно

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Жена“ на Антонија Гиговска прогласена за најслушана песна на „Макфест“

Следно

Трамп го помилува основачот на најголемата берза за криптовалути во светот

Latest from Blog

Ново зголемување на цените во САД

Инфлацијата во Соединетите Американски Држави малку се забрза во септември, при што цените на бензинот паднаа малку помалку, објави денес Министерството за труд. Потрошувачките цени беа за 3,0 проценти повисоки во септември

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бидат вистинско освежување за есенските аутфити. Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика. Истото важи и оваа

Ѓорѓиевски: Урбанистички експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24. Ѓорѓиевски истакна дека за време на неговиот мандат како градоначалник на општина

Орце Ѓорѓиевски од Стајковци: Време е за конкретни дела, не за празни зборови!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Идризово и Стајковци порача дека очекува историска победа во вториот изборен круг. Тој се заблагодари на жителите од овие населени места за,

Викторија Бекам била малтретирана од децата во училиште, тоа продолжило и на факултет

Појавувајќи се во подкастот „ Call Her Daddy “ на Алекс Купер на 22 октомври, 51-годишната Бекам отворено зборувала за емоционалната и физичката злоупотреба што ја доживеала како дете и тинејџерка. „Се
Go toTop