Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нов училишен инвентар

January 11, 2023
1 min read

Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нова училишна опрема. 

-Од страна на фирмата „Мериан Ас“, доставени се 90 клупи, 190 училишни столчиња, 15 училишни клупи за 1-во и 2-ро одделение, 30 училишни столчиња за 1-во и 2-ро одделение и 15 компјутерски маси.Со овој чекор финишира проектот за доградба на подрачното училиште, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Како што информира тој, останува довршување на градежните работи поврзани со поставување топлинската енергија во училиштето кои треба наскоро да завршат.

-Недостигот од капацитети за настава во овој образовен објект е долгогодишен проблем на ѓорчепетровци и проект кој силно се залагавме во изминатата година конечно да биде затворен. Бевме упорни и во Министерството за образование и наука за што поскоро пуштање во употреба на доградениот дел. Со доградбата ќе се добијат нови осум училници, нова кујна и нови тоалети со што целосно ќе се задоволи просторниот капацитет, согласно запишаните ученици во училиштето во Хром, соопшти Стојкоски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за правда потврди: Апсолутна застареност за извршување на казната на Даравелски настапува во 2028 г.

Следно

Зеленски на Златните глобуси: Нема да има трета светска војна, ова не е трилогија

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop