Средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ доби био-технолошка лабораторија

March 10, 2023
1 min read

Био-технолошка лабораторија денеска беше отворена во средното училиште на Град Скопје, „Марија Кири – Склодовска“, со која треба да се доближи науката поблиску до заедницата на претприемачи и да овозможи дизајнирање на трајни решенија за комплексните еколошки предизвици.

Со тоа се демократизира науката и се формира Национална иницијатива за биоотпад што ќе поттикне иновации, образование и значајни ангажмани на заедниците низ земјата во изнаоѓање решенија за заштита на животната средина и јакнење на претприемништвото и поттикнување на нови стартап бизниси.

Лабораторијата е отворена од УНДП, УНИЦЕФ, со поддршка од Град Скопје и останува на користење на училиштето, а со неа ќе стопанисува јавното претпријатие „Дрисла“.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на отворањето на лабораторијата, нагласи дека верува оти не е само прва лабораторија во градот, туку и е прва во државата.

Како што таа појасни, лабораторијата ќе ја користат ученици, студенти, сите оние коишто се млади и коишто имаат желба да се занимаваат со наука и сакаат исто така да допринесат во општеството.

Претставничката на мисијата на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани рече дека се надеваат оти ќе се поттикне интересот меѓу студентите да почнат кариера во полето на науките и во полето на иновации и претприемништво, што се одржливи од аспект на заштитата на животната средина.

– Тоа го слушам во секојдневните разговори со многу млади луѓе, дека и тие се заинтересирани токму за ова поле и за такви предизвици, подвлече ДиЏовани.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан кажа дека во 2007 година голем дел од населението живее во градовите.

– До 2050 година се очекува дека дури 60 проценти од вкупното светско население ќе живее во градовите. Токму затоа, потребно е да се најдат начини како животот во градовите да стане полесен и поодржлив за целото ова население, додаде Григоријан.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грузискиот Парламент го отфрли законот за „странски агенти“

Следно

Британија ја одлага изградбата на дел од брзата железничка линија

Latest from Blog

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по
Go toTop