Почина Патрик Мареј од „Сплетки“

October 3, 2025
1 min read

Мареј го глумеше Мики Пирс – досетливиот и духовит криумчар и пријател на главните ликови Дерек – „Дел Бој“ и Родни Тротер во хумористичната серија. Тој, всушност, беше подложен на операција и хемотерапија во 2021 година заради тумор на белите дробови. Подоцнежните тестови открија и рак на неговиот црн дроб, којшто не беше поврзан со првата дијагноза и можеше да се лекува. Во 2023 година, тој откри дека повторно му е дијагностициран рак.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот пријател Патрик Мареј – Мики Пирс за многумина од нас. Тој беше редовен посетител на нашите собири и ќе ни недостига неговиот хумор и радоста што им ја донесе на многумина“, се наведува во извесувањето.

Покрај „Сплетки“, тој е познат и по своите улоги во филмовите од таа приказна, „Квадрофенија“ (Quadrophenia) (1979) и „Фирма“ (The Firm) (1989). По завршувањето на „Сплетки“ во 2003., Мареј се повлече од глумата и стана таксист, но ѝ се врати на глумата во 2015. и 2019 година, кога доби улоги во ТВ-сериите „Напор“ (Endeavour) и „Услови“ (Conditions).

Тој беше во брак со својата сопруга Анонг, која ја запознал додека живеел 10 години во Тајланд. Тие се венчаа во 2016 година и имаат една ќерка, по име Џози.  

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ужас во луксузен ресторан во Стокхолм- гостите завршиле во болница со листериоза

Следно

Ѓорѓиевски најавува проширување на булеварот „Цветан Димов“ и нова катна гаража во Чаир

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop