Ужас во луксузен ресторан во Стокхолм- гостите завршиле во болница со листериоза

October 3, 2025
1 min read

Здравствените власти велат дека лекарите ги следат луѓето што јаделе во ресторанот „Коко и Кармен“, кој се наоѓа во престижниот кварт Остемалм во Стокхолм, и дека се сомнева на листериоза.

„Ако ги имате овие симптоми…“

Според официјалните лица, повеќето од гостите не се во сериозна состојба, а ниту еден од хоспитализираните пациенти не барал интензивна нега, објавува Би-Би-Си.

Листерија, бактерија што може да ја контаминира храната, ретко предизвикува сериозни инфекции, но во тешки случаи може да доведе до сепса, меѓу другото.

Регионалните власти велат дека првично ги вклучиле гостите што јаделе во ресторанот помеѓу 25 и 27 септември, а подоцна и оние што вечерале таму на 23 и 24 септември.

„Секој што има симптоми како што се треска, повраќање или дијареја се советува да посети лекар“, рече д-р Марија Остлунд, специјалист за заразни болести.

Листеријата е ризична за бремени жени и постари лица

Во соопштението на регионалните власти се предупредува дека „голем број луѓе можеби биле заразени“ и посебно се нагласува дека листеријата претставува висок ризик за бремени жени, постари лица и пациенти со ослабен имунолошки систем.

До вчера вечерта, 85 лица пријавиле симптоми на труење со храна преку градскиот систем за следење, додека околу 400 лица биле контактирани како дел од епидемиолошка истрага.

Четири од заболените развиле сепса, но ниту еден од нив не бил во животозагрозувачка состојба ниту барал интензивна нега, потврди д-р Естлунд.

Добро познат ресторан е привремено затворен

„Coco&Carmen“ е привремено затворен додека истрагата продолжува. Во соопштението на менаџментот се наведува дека ресторанот отсекогаш бил подложен на редовни санитарни инспекции и целосно соработува со властите.

Листеријата природно се наоѓа во почвата, водата и животните и може да се пренесе преку контаминирана храна, особено ако се чува на ниски температури подолг временски период.

Периодот на инкубација може да трае од неколку дена до дури три недели.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукотница во центарот на Атина- рането едно лице, полицијата трага по извршителите

Следно

Почина Патрик Мареј од „Сплетки“

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop