Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

October 3, 2025
1 min read

Позицијата дека Грција нема да се согласи Турција да биде дел од европската програма САФЕ за финансирање на одбранбени проекти, доколку продолжи со „casus belli“, односно закана за војна, му ја изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на нивната средба во Копенхаген, јави дописничката на МИА од Атина.

– Генералниот секретар на НАТО ме праша какво е мислењето на Грција за ова прашање. Бев апсолутно јасен и апсолутно категоричен: сè додека Турција продолжува да го поставува на маса прашањето за „casus belli“ (закана за војна), сè додека Турција продолжува директно да го оспорува суверенитетот на грчките острови преку теоријата за „сиви зони“, Грција нема да се согласи Турција да се приклучи на програмата САФЕ, рече Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген.

За заедничкиот одбранбен проект за ѕидот против дронови, Мицотакис посочи дека доколку постои европска програма, „сигурно е дека таа ќе биде опфатена заеднички“, но и нагласи дека без оглед на европските приоритети, Грција самата се грижи да се заштити од такви опасности, односно како што рече „едноставно кажано, ние веќе го направивме тоа“.

Грчкиот премиер, одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на миграцијата, нагласувајќи дека „Европа ја промени својата миграциска политика во последните години, главно како резултат на систематската работа што ја изврши Грција“.

Објасни дека Европа е построга во чувањето на надворешните граници и акцентот веќе е на враќањето на мигрантите, изразувајќи надеж дека европски партнери ќе ги поддржат иницијативите на грчката Влада „кои се засноваат на многу едноставна логика: ако дојдете нелегално во нашата земја и немате право на азил, тогаш ќе бидете лишени од вашата слобода и ќе бидете вратени назад во земјата од која сте дошле“, додека пак за оние кои имаат право на азил, објасни дека Грција ќе им го додели.

-Задоволен сум бидејќи многу строгиот став што го зазеде нашата Влада со привременото суспендирање на азилот, како и контактите што ги имавме во Источна Либија, се чини дека донесоа резултати. Во изминатиот период имавме значително намалување на брановите. Но, очигледно потребна е не само грчка, туку и европска упорност за да можеме да се справиме со проблемот во неговиот корен, порача Мицотакис.

Додаде дека Грција и понатаму работи на сите нивоа за искоренување на мрежи на криумчарите во источниот дел на Егејското море како и во јужниот Медитеран, во делот помеѓу Крит и Либија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Погледнете како изгледа официјалната топка за Светското првенство во 2026 година (ВИДЕО)

Следно

Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,

„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

Дуелот помеѓу европскиот шампион Шпанија, и јужноамериканскиот Аргентина, кој што требаше првично да се одигра во Катар на 27 март, на стадионот Лусаил, поради новонастанатата ситуација ќе се пресели најверојатно во Шпанија,

Коњановски: Почна изградбата на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во градежните работи за изградба на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани. Станува збор за проект кој е дел од вториот владин

Тајланд побара извинување од Иран за погодениот брод во Ормускиот теснец

Министерството за надворешни работи на Тајланд објави дека го повикало иранскиот амбасадор за да побара разјаснување за нападот и околностите во кои бил оштетен бродот. Револуционерната гарда на Иран подоцна потврди дека
Go toTop