Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

October 3, 2025
1 min read

Општина Бутел влегува во нова ера на здравството! Градоначалникот на Општина Бутел и истовремено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, во видео изјава го претстави 3D проектот за изградба на новата модерна поликлиника, која ја оцени како „гордост за граѓаните на Бутел“.

„Градиме убав, функционален и модерен објект, кој ќе им овозможи на граѓаните достојни услови за квалитетна здравствена заштита. Ова е историски чекор за нашата општина,“ изјави Костовски.

Новата поликлиника ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри, ќе има приземје и прв кат, а ќе нуди услуги од општа медицина, педијатрија, гинекологија, интерна медицина и невропсихијатрија, како и од физикална медицина.

Според Костовски, новата поликлиника во Бутел ќе располага со најсовремена опрема, со РТГ кабинет, лабораторија, ехо и аптека, пункт за итна медицинска помош и ноќна служба за граѓаните. Изградбата на овој здравствен објект ќе се реализира на просторот каде што моментално се наоѓа старата амбуланта, согласно урбанистичкиот план усвоен на 16 февруари 2024 година.

Овој проект, изработен од самата Општина Бутел, се гледа како една од најзначајните инвестиции во локалната здравствена инфраструктура. Со тоа, граѓаните на Бутел ќе добијат современи и блиски услуги, без потреба да патуваат во други општини.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

Следно

Коњановски најавува зелена енергетска транзиција за Битола

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop