Тројца повредени во пукотница во Тел Авив

March 10, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Најмалку три лица се повредени во пукање во центарот на Тел Авив, каде синоќа се одржаа масовни протести поради планот на израелската влада за реформи во судството, јавува Анадолу.

Израелската полиција соопшти дека на улицата Дизенгоф во центарот на Тел Авив се случил вооружен напад. Се наведува дека полицајците го неутрализирале напаѓачот, кој отворил оган врз пешаците што се движеле по улицата и ранил три лица.

Здравствената состојба на еден од повредените е тешка, додека другите двајца се полесно повредени, информираше полицијата.

Во соопштението на израелската служба за итна помош, се наведува дека здравствените работници им укажале прва помош на повредените, а потоа биле префрлени во болницата „Ичилов“.

Во Израел од вчера се одржуваат масовни протести ширум земјата, особено во Тел Авив, во знак на протест против планот на израелската влада за реформи во судството, што опозицијата го смета за обид за намалување на овластувањата на судските власти во корист на извршната власт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео: Кристијано Роналдо полуде – Од трибините ечеше „Меси, Меси“…

Следно

На скопските улици има над 1.500 диви таксисти – се бара решение од Град Скопје

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop