Четири од 10 смртни случаи од рак би можеле да се спречат

September 25, 2025
1 min read

Бројот на нови случаи на рак во светот нагло ќе се зголеми до средината на овој век, покажува нов извештај објавен во списанието Лансет (The Lancet).

Според анализата, бројот на случаи ќе порасне од 18,5 милиони во 2023 на 30,5 милиони до 2050 година. Главната причина е стареењето на населението, бидејќи постарите лица се поранливи на малигни заболувања. Сепак, ако се користи стандардизирана возрасна структура, релативната инциденца на рак би се намалила за 5,7 отсто во периодот 2024–2050.

Истражувачкиот тим, предводен од Лиса Форс од Универзитетот во Вашингтон (САД), утврди дека речиси 42 отсто од 10,4 милиони смртни случаи од рак во 2023 година се поврзани со фактори што може да се променат.

Најголем ризик во повеќето земји е употребата на тутун, што е одговорна за 21,4 отсто од смртните случаи. Во сиромашните земји, пак, најголем ризик претставува незаштитениот секс, поради пренос на човечки папиломен вирус (ХПВ), кој предизвикува рак на грлото на матката.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Глобално бреме од болести“, кој анализирал податоци од 1990 до 2023 година и направил прогнози до 2050.

Во периодот 1990–2023, стандардизираниот број на нови случаи на рак се намалил за 3,4 отсто во земјите со високи приходи и за 8,8 отсто во земјите со повисоки средни приходи. Но, истовремено е забележан раст од 28,6 отсто во земјите со пониски средни приходи и од 23,6 отсто во сиромашните држави.

Според неодамна објавена студија во Eurosurveillance, вакцинацијата против ХПВ е високо ефикасна. Во Германија, надлежната комисија за имунизација „Стико“ ја препорачува оваа вакцина за девојчиња и момчиња на возраст од 9 до 14 години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска – Давкова ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Следно

Битола на чекор до нова пречистителна станица за отпадни води

Latest from Blog

Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар

Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и

Мајсторија на Баена: Атлетико Мадрид победнички на стартот во новата сезона во Ла Лига!

ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/ Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и

Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД

Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, беше уапсена во јануари 2025 година откако отишла во американскиот Капитол, каде што им кажала на полицајците дека имала намера да го убие Бесант на денот на

Сиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било

Николоски: Македонија се гради со проекти, паметни политики и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во
Go toTop