Османи се сретна со Џачка и Дачиќ на маргините на Балканскиот форум во Будимпешта

March 9, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на Балканскиот форум, што се одржува во Будимпешта, Унгарија, оствари одвоени средби со своите колеги од Албанија, Олта Џачка, и од Србија, Ивица Дачиќ, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Се вели дека на средбите се размениле мислења за повеќе прашања поврзани со билатералните политички и економски односи, соработката во рамките на регионалните иницијативи, притоа ставајќи акцент на евроинтегративниот процес на регионот на Западен Балкан и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.

Поздравувајќи го прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, Османи истакна дека изнаоѓањето решение за отворените прашања ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји, туку и во севкупната регионална динамика која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што поскора интеграција во Европската Унија.

Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, Османи нагласи дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.

Се разговараше за значењето на потпишаните договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, како и договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес, од ноември минатата година.

Во тој правец, беше констатирано дека реализацијата на обврските преземени со овие договори, останува приоритет на земјите потписнички.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ги продолжува разговорите со ОН, Украина и Русија за продолжување на договорот за жито

Следно

Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан

Latest from Blog

Г.Г. Стефан: Единството е најсилниот чувар на Македонија

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,
Go toTop