Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД

September 17, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ракети за западните системи за воздушна одбрана ќе бидат дел од првичните испораки на американско оружје што ќе го платат земјите од НАТО во рамките на механизмот PURL, или „Приоритетна листа на барања за Украина“, (Prioritized Ukraine Requirements List), објави Укринформ.

-Добивме повеќе од две милијарди долари од нашите партнери, поточно за PURL. Ќе добиеме дополнителни средства за октомври, мислам дека ќе добиеме уште 3,5-3,6 милијарди долари, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

„Првите два пакета во вредност од 500 милиони долари… Овие пакети… дефинитивно ќе вклучуваат ракети „Патриот“ и „ХИМАРС“, рече тој.

PURL е иницијатива преку која земјите што сакаат ќе можат да купат одбранбено оружје од САД во согласност со тоа што најмногу ѝ е потребно на украинската војска, а потоа да ѝ го обезбедат. Кон оваа иницијатива веќе се приклучија 11 земји.

Според последните информации, за новата иницијатива веќе се собрани шест милијарди долари, а Зеленски изјави дека Украина вложува напори да го зголеми финансирањето на механизмот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Чаир расте преку спортот и поддршка на младите

Следно

Пронајдени шест деца заклучени во магацин во Милвоки

Latest from Blog

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и
Go toTop