Меџити: Чаир расте преку спортот и поддршка на младите

September 17, 2025
1 min read

Чаир има богата и инспиративна спортска историја, со клубови и спортски лица кои го прославија името на општината и надвор од границите.

Една од највпечатливите приказни е онаа на кошаркарскиот клуб Чаир 2030, кој од мал ентузијастички тим со голема посветеност стигна до Суперлигата на Северна Македонија и денес е еден од најсилните клубови во земјата.

Во овој развојен пат, Општина Чаир беше секогаш покрај клубот, обезбедувајќи бесплатна спортска сала за тренинзи и натпревари, со што младите добиваат подобри услови за развој.

Прв-вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити ја истакна важноста на спортот за општината, посочувајќи дека тоа е инвестиција во иднината на младите и во развојот на Чаир како пример за целата земја. Тој се сретна со играчите и раководството на клубот, а од тренерот Ерхан Рамадани доби фанела како знак на благодарност и поддршка.

„Спортот е едукација, дисциплина, единство и здравје, но и можност младите да достигнат врвови на успех, и во светски рамки. Затоа спортот останува една од нашите приоритетни области“, истакна Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НУУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години со промоција на монографија

Следно

Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop