Младата Босанка Адна (26) почина само два дена по свадбата- ѝ се слошило среде веселбата

September 16, 2025
1 min read

Адна и нејзиниот сопруг Фарис се венчале во сабота, 13 септември, во хотелот „Холивуд“ во Сараево во Илиџа. Ноќта што требало да биде најубавата во животот на младиот пар се претвори во трагедија. Според семејството и пријателите, на Адна одеднаш ѝ се слошило на свадбата и итно била префрлена во КЦУС Сараево, каде што починала во понеделник, 15 септември, на 26-годишна возраст, пренесе Телеграф.

Погребот ќе се одржи во среда, 17 септември 2025 година, во 14:30 часот на градските гробишта Баре.

Адна работела со козметика и имала свој салон во Сараево, а нејзините пријатели ја опишуваат како вредна, насмеана и секогаш весела девојка, пишува црната хроника.

На социјалните мрежи, пријателите и познаниците се збогуваат со младата Босанка со емотивни пораки:

„Вчера беше меѓу нас, денес се збогуваме со тебе. Почивај во мир, драга Адна“, „Алах нека ти даде рај, а твоето семејство трпение во овие тешки моменти“, „Не е фер што животите на младите луѓе запираат толку рано. Ќе останеш во нашите срца“, се само дел од пораките.

Трагедијата што го погоди семејството Ровчанин-Омербеговиќ за кратко време одекна низ целото Сараево, а соседите, пријателите и познаниците најавуваат масовно збогување за младата Адна.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

Следно

Муцунски ги пречека Престон Лајонс – промотори на македонската култура и традиција

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop