Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

September 12, 2025
1 min read

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела можеби имале улога во „напојувањето“ на Земјата со вода, сметаат јапонски научници.

Потеклото на водата на нашата планета денес е по малку и мистериозно, во научна смисла. Блиските астероиди се посочувани како можен извор, но постојат сомнежи и дебати за тоа дали имало доволно удари за да се достави целата оваа вода на планетата, пишува порталот „Кликс“. На јагленородните астероиди како Рјугу (во превод од јапонски: „Дом на Змејот“), се собира мешавина од прав и мраз во надворешниот Сончев Систем. Присуството на вода и мраз ја поткрепува оваа теорија, а меѓу другото, помага и во научното одредување на староста на вселенското тело, но првичното датирање покажа дека Рјугу е едно од најстарите тела во Сончевиот Систем, (не многу веројатно) создадено уште пред 4,8 милијарди години.

Меѓутоа, кога Цујоши Иизука од Универзитетот во Токио и неговите колеги првично ја процениле староста на астероидот врз основа на радиоактивното распаѓање на лутециум-176 во хафниум-176 во мали примероци од астероидот, беа изненадени кога таа старост речиси и се совпадна со создавањето на Сонцето.

– Добивме старост од околу 4,8 милијарди години за примероците од Рјугу, што е дури и порано од појавата на Сончевиот Систем. Ова значи дека проценетото време е непрецизно кога станува збор за примероците од Рјугу, рече Иизука.

Наместо тоа, тимот сега верува дека околу милијарда години по формирањето на Рјугу, нешто го загреало астероидот доволно за да го претвори мразот во течна вода. Ова би однело дел од лутециумот-176, што го нарушува датирањето.

Сончевото зрачење би го загреало површинскиот мраз само до 40 сантиметри, додека примероците од Рјугу се земени од длабочина до еден метар. Најверојатното објаснување за загревањето на внатрешноста на матичниот астероид е судир со друг објект, според научниците. Иизука, но и други научници велат дека е можно – астероидите да носат вода до планетите и во тврда агрегатна состојба.

– Наодите посочуваат дека тие тела, всушност, можеле да донесат вода не само како течност, туку и како мраз. Наодите покажуваат што може да се научи од мисијата за враќање на примероците, изјави Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија, кој не бил вклучен во главното истражување.

Проценувајќи ја количината вода потребна за промена на лутетиумот-176 во примероците од Рјугу, тимот пресметал дека астероидот е составен од 20 до 30 отсто вода – многу повеќе од првичните проценки.

– Отидовме таму и ги собравме примероците, така што Земјата воопшто немаше влијание. Тоа значи дека можете да бидете многу посигурни во „приказната“ што ја добивате. Одеднаш имаме докази дека астероидите биле „поводени“ отколку што претходно мислевме, што значи дека сега може поразумно да се објаснат потеклото на океаните на Земјата и кога ја погодиле планетата, заклучи Хорнер.

Јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ слета на Рјугу во 2019. и собра 5,4 грама материјал. Тоа се врати на Земјата – со наодите, следната, 2020 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче СЕ ИЗРЕЗИЛИ, Мицкоски професорски го поучи дека тој не е оној кој „ДОЗВОЛУВА“ декласификација на документи

Следно

Трамп: Го фативме убиецот на Кирк, во пртивор е!

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop