Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

September 8, 2025
3 mins read

Преподобен Пимен Велики

Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ? видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“ Во манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече: „Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“

Тропар
Со пролевањето на твоите солзи, бесплодната пустина си ја направил да процвета и, со твоите длабоки воздишки, твоите подвизи си ги умножил по стопати, и си бил светилник на вселената, сјаејќи со чудеса, оче наш Пимене. Моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Еве, денес го славиме светиот спомен на твоите светли подвизи, преподобен оче, кој ги весели душите на верните, богомудар Пимене, оче наш преподобен.

Преподобен Пимен Палестински

Се подвизуваше во Рува, пустината палестинска, во времето на царот Маврикиј (582 г. – 602 г.). Во младоста беше овчар. Еднаш неговите кучиња нападнале некој човек и го ратсргнале, а тој од палавост не го одбранил човекот. Затоа и му беше откриено дека на крајот самиот ќе загине од ѕверови. Така и беше. Душата ја предаде изеден од ѕверовите.

Тропар
Спасителот те очисти и од последниот долг према светот, о Пимене преподобен, со благодат штитејќи те од зимата на страстите, а ти, оче свет, радувајќи се во полнотата на радоста, моли се за нас да нe прими и помилува поради милосрдието и човекољубието Негово, по молитвите твои свети.

Светиот маченик Фануриј

Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа. Свети Фануриј многу се слави и во Мисир. Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка. Но синовската љубов на Свети Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молеше на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето. При неговото убиство, додека незнабожците го трупале со камења, светителот се молел: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“ Во Мисир, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на Свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“ И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.

Тропар
Мачениче свети Фанирује, Вишниот гледајќи ја пламената љубов ги услишува молитвите свети твои за родот човечки, особено за сите кои духовно жртва љубовна пред Бога принесуваат за ближниот свој. Радувај се, страдалниче, за верата што спасува, и моли се за сите кои пламена свеќа пред Христа согоруваат за мајката твоја и нивно спасение.

Свети Осија, епископ Кордобски

Над шеесет години управуваше со Црквата во Шпанија како епископ на Кордоба. Значајно беше неговото учество на Првиот Вселенски Собор во Никеја, а претседаваше со помесниот Сардикиски Собор во 374 година. Беше толку ревносен за Православието, што пред својата смрт повторно ја предаде на анатема Ариевата ерес.

Тропар
Непоколеблив исповедник на верата која спасува, столб на Православието, кој во светилник благодатен пред нашите очи се појавува, Осие, свети оче праведен, моли Го Аголниот Камен на тврдината, да ја зацврсти верата во нашите битија.

Светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник

Обајцата беа монаси на Печерскиот манастир. Кукша со успех им го проповедаше Евангелието на Вјатчаните и со успех ги крштеваше. Еден ден го нападнаа незнабожци и го заклаа, заедно со неговиот ученик. Во тој миг Пимен Посник стоеше на служба во Печерскиот манастир, па бидејќи со духот ја проѕре смртта на Кукша, којшто му беше ученик и другар, возвикна: „Братот наш, Кукша, денес е убиен за Евангелието.“ И кога го рече ова и самиот издивна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето во следните денови: Од сончево до нестабилно

Следно

Тонали ја спаси Италија, Данска ја „растури“ Грција

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop