Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка

March 8, 2023
2 mins read

Сторијата се базира на „нови разузнавачки податоци разгледани од американски функционери“ и според нив не само што нападот го извршила група што била составена од Украинци и/или Руси, туку никој во највисокото раководство на Украина (вклучително и Зеленски) немал поим, ниту поврзаност со операцијата.

Истите овие функционери дообјасниле само дека членовите на групата биле противници на Путин, без дополнително да наведат какви било детали околу учесниците и кој ја управувал и финансирал операцијата. Тие порачале и дека не нашле никакви докази за вмешаност на руската влада во нападите.

Податоците што тие ги цитираат тврдат дека напаѓачите се најверојатно со украинско или руско потекло, или мешавина на двете, но и дека меѓу нив нема ниту еден Американец или Британец.

Дента кога се случи експлозијата, официјален Киев, а и сите што го поддржуваат, инстантно ја обвинија Русија за нападот на сопствениот гасовод што ја чинеше милијарди евра и години работа за да се заврши. Москва ова веднаш го отфрли, а со тек на време и Западот се олади околу тврдењето дека Русија ја саботирала сопствената инфраструктура.

Верзијата што ја објавува Њујорк тајмс е во спротивност и со досегашните тврдења на високи европски функционери кои во повеќе наврати изјавија дека според нив операцијата е извршена со поддршка од држава, главно заради софистицираноста неопходна за поставување и детонирање експлозиви на дното на Балтичкото море без да бидеш забележан.

Американските функционери објаснуваат дека луѓето што ја извеле операцијата имале помош од искусни нуркачи во местењето на експлозивот, кои немаат работено за воени или разузнавачки служби.

Тајмс пишува дека многу е важно да се внимава на споменување на каква било украинска вмешаност, директна или индиректна, бидејќи „тоа би можело да го наруши деликатниот однос меѓу Украина и Германија, и да ја намали поддршката меѓу германската јавност која ги проголта високите цени на енергијата во име на солидарност.“.

Подводниот дел од Северен тек 2 е составен од поединечни 12-метарски цевки, околу 100.000 на број (гасоводот е долг 1.230 километри). Секоја цевка има четири слоја. Првиот е од метални шипки облиени со 24 тони бетон (по цевка) со дебелина од четири сантиметри. Потоа следува слој за заштита од корозија со дебелина од 4,2 милиметри, па метална цевка со дебелина од 14 милиметри и на крај е заштитен слој за спречување на триење. Европски законодавец, кој го пренесува Тајмс, кон крајот на минатата година изјави дека за експлозијата биле употребени над 450 килограми експлозив „за воени потреби“.

Неофицијалното сиже од сведочењето на американските функционери за Њујорк тајмс за уништувањето на гореспоменатите бетонски цевки кои лежат на длабочина од 80 до 110 метри под ни најмалку пријатното Балтичко море е:

Група Украинци и/или Руси што го мразат Путин, а делуваат без украинското највисоко раководство да има поим за нив или помош од која било држава, и се приватно финансирани, стигнале со брод над гасоводот, се нурнале на дното на Балтичкото море, на 80 до 110 метри под вода, и со помош на искусни нуркачи кои знаат да поставуваат експлозиви на оваа длабочина а немаат никаква врска со војска или тајни служби, го наместиле експлозивот и подоцна го детонирале, без притоа да остават каков било траг зад себе.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечери на женски права во Кинотека: Проекција на „Меч со две острици“ и „Куќа на малата ѕвезда“

Следно

8 Март: Од борба за глас до борба за заклетва – каде се С Македонија и Западен Балкан

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop