Откриени ретки лековити соединенија во листовите на канабисот

September 6, 2025
1 min read

Истражувачки тим од Универзитетот Стеленбош во Јужноафриканската Република откри ретка група фенолни соединенија, наречени флавоалкалоиди, во листовите на канабисот, објави реномираниот научен журнал „Journal of Chromatography A“.

Овие соединенија, кои досега не биле познати како составен дел од марихуаната, покажуваат потенцијално вредни лековити својства, отворајќи нови можности за научни истражувања и примена во фармацијата.

Канабисот, тревна билка од семејството Cannabaceae, потекнува од западна или централна Азија и се одгледува повеќе од 6.000 години за различни намени, од производство на текстил до медицинска употреба. Поради честото вкрстување и селективно одгледување, разликите меѓу сортите на канабисот тешко се забележуваат со голо око, па научниците сè повеќе се потпираат на хемиска анализа за нивно разликување.

Канабисот е хемиски сложена билка, со над 500 идентификувани соединенија. Глобалниот раст на индустријата за канабис во последните години поттикна бран на научни истражувања, при што се откриени нови соединенија. Иако фитоканабиноидите, како THC и CBD, привлекуваат најмногу внимание поради нивните психоактивни и терапевтски ефекти, сè повеќе докази укажуваат дека комбинациите на соединенија во канабисот делуваат поефикасно од изолираните супстанции. Овој синергиски ефект, познат како „ефект на придружба“, ја нагласува важноста од проучување на други фитохемикалии, вклучувајќи ги и фенолните соединенија, пишува хрватскиот портал Индекс.

Флавоалкалоидите, откриени во новото истражување, се ретки во природата и комбинираат структури на флавоноиди и алкалоиди, богати со азот. Овие соединенија, познати по антиоксидативните, противвоспалителните и антиканцерогените својства, се присутни во мали количини, што го прави нивното откривање предизвик.

Тимот, предводен од д-р Магриет Мулер, аналитичка хемичарка во лабораторијата за LC-MS на Универзитетот Стеленбош, користеше напредни техники, вклучувајќи дводимензионална течна хроматографија и масена спектрометрија со висока резолуција, за да анализира листови и цветови од три комерцијално одгледувани сорти на канабис. Од 79 идентификувани фенолни соединенија, 25 се забележани по првпат во канабисот, а 16 се класифицирани како флавоалкалоиди, главно во листовите на една од сортите.

„Канабисот е хемиски сложен, а фенолните соединенија досега беа недоволно истражувани. Решив да ги применам методите што ги развив за анализа на грозје, вино и чај од роибос, бидејќи знаев дека канабисот нуди слични предизвици“, изјави Мулер.

Напредната технологија овозможи одвојување на флавоалкалоидите од многубројните флавоноиди, кои се многу позастапени во билката.Според проф. Андре де Вилиерс, раководител на истражувачкиот тим, дводимензионалната хроматографија била клучна за откривањето. „Флавоалкалоидите се присутни во многу мали количини, и без овие техники, тие би останале незабележани“, објасни тој.

Ова откритие укажува на потенцијалот на листовите на канабисот, кои често се сметаат за отпад во индустријата, да содржат вредни соединенија за фармацијата. Следните чекори вклучуваат дополнителни истражувања за потврда на присуството на флавоалкалоидите, нивна изолација, синтеза и тестирање на биолошката активност, со цел развој на нови лекови или додатоци во исхраната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

Следно

Нова лоша вест за сите во ПСЖ: Дембеле поради повреда во „аут“ најмалку еден месец!

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop