YouTube почнува да ги блокира членовите на семејната претплата надвор од домаќинството

September 5, 2025
1 min read

Освен што сака да го спречи „мамeњето“ преку VPN и активно работи на сузбивање на блокирањето на рекламите, YouTube почна да паузира семејни претплати за оние што ги делат со лица надвор од своето домаќинство.

По примерот на Netflix, HBO и Disney, кои на своите стриминг сервиси не дозволуваат споделување лозинки надвор од примарното домаќинство, полека почнува да оди и YouTube. Некои претплатници на YouTube Premium во семејниот пакет почнаа да добиваат известувања дека нивната претплата ќе биде прекината – бидејќи е откриено дека сервисот се користи на друга локација, различна од онаа што нивните системи ја препознаваат како примарна.

Сè потешко до поевтина Premium претплата

YouTube почна построго да ги применува своите општи услови за користење, во кои стои дека членовите на семејството – до пет лица – можат да гледаат содржини во рамки на семејната претплата, но само ако живеат во исто домаќинство. Оваа промена би можела да им пречи на многу претплатници, особено на оние што ја делеа семејната претплата меѓу повеќе домаќинства за да ги намалат трошоците. Според новите правила, сите сопственици на поврзани кориснички сметки мора да живеат под ист покрив со оној што ја плаќа претплатата.

Првите блокирања на претплатници надвор од матичното домаќинство се појавија отприлика во исто време кога YouTube почна да ја тестира опцијата за претплата за двајца корисници, покрај стандардните лични и семејни пакети. На привремено блокираните им е овозможено да гледаат содржини, но на начин како да немаат претплата, и им се даваат 14 дена да ја решат ситуацијата – да излезат од семејниот пакет или да купат сопствена претплата. По тоа, нивната сметка може да биде блокирана.

Овој потег е само продолжение на сè построгите мерки за сузбивање на „илегалците“ – корисници што преку VPN користеле YouTube Premium по пониски цени или оние што користат разни решенија за блокирање реклами. За Netflix построгата контрола се исплатеше со зголемување на бројот на претплатници и приходите. Времето ќе покаже дали YouTube е во доволно силна позиција за на овој начин да го условува плаќањето на дополнителни претплати – или пак ваквите мерки ќе ги одвратат претплатниците од платформата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот, ја градиме Македонија

Следно

Харков: Во руските напади за 24 часа загинале три лица, а шестмина се ранети

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop