Муртезани на ГАК во Данска: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

September 2, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на првата работна сесија од неформалниот Состанок на министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија. Сесијата беше посветена на значењето на Копенхашките критериуми и на постепената интеграција како инструмент за забрзување на процесот на проширување. Во своето обраќање, министерот Муртезани подвлече дека патот на Македонија кон Унијата не е техничка вежба на усогласување, туку стратешка неопходност за стабилноста и безбедноста на целиот континент. Тој потсети дека повеќе од две децении по ветувањето од Солун, европската перспектива на регионот не смее да остане недовршен проект, бидејќи секое ново одлагање не само што го поткопува кредибилитетот на Унијата, туку и ја ослабува нејзината стратешка улога во една крајно неизвесна геополитичка средина.

Министерство за европски прашања

Муртезани нагласи дека Копенхашките критериуми мора да останат водилка на процесот и дека Македонија е целосно посветена на нивната примена. „За нас тие не се само услови, туку јазикот на демократијата и гаранција дека нашиот напредок ќе се мери според фер и објективни стандарди, а не според билатерални пречки кои не му припаѓаат на јадрото на европската идеја“, рече министерот Муртезани. Тој се осврна и на концептот на постепена интеграција, оценувајќи дека таа не е замена за членство, туку мост кој ја чува веродостојноста на процесот додека не се заокружи со полноправно членство. Муртезани нагласи дека веќе се чувствуваат придобивките од оваа политика преку учеството на студентите во програмата Еразмус, пристапот до Единствената зона за плаќање во евра и растечката интеграција во единствениот пазар. Но, тој посочи дека процесот мора да се продлабочи преку постепено вклучување во Европскиот семестар, во механизмите за владеење на правото, во агенциите и програмите на Унијата, како и преку посилна соработка во областа на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Муртезани исто така нагласи дека Македонија настапува со доверба и со јасна определба дека иднината на регионот е во Европската Унија. Тој потенцираше дека процесот на проширување не треба да се гледа како формално проширување на граници, туку како завршување на европската целина, што ја прави Унијата посилна, постабилна и поотпорна. Притоа, тој истакна дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста и кредибилитетот на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ново име во тимот на Меџити – експерт за буџет и економија

Следно

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop