ЕУ објави список на санкционирани поединци и ентитети поради насилство врз жените

March 7, 2023
1 min read

Европскиот совет денеска одлучи да воведе рестриктивни мерки за поединци и ентитети, имајќи ја предвид нивната улога во спроведувањето на сериозни прекршувања и злоупотреба на човековите права, особено сексуалното и родовото насилство.

„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, преминуваме од зборови на дело. Каде и да се случи, ќе се бориме и ќе ги елиминираме сите форми на насилство врз жените. Со денешната одлука, ги засилуваме напорите за борба против сексуалното и родовото насилство, за да се осигуриме дека одговорните ќе бидат целосно одговорни за своите постапки и да се спречи неказнивоста“, рече Жосеп Борел, висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

Санкциите се однесуваат на девет поединци и три организации.

Станува збор за двајцата вршители на должност талибански министри за високо образование и за пропагирање доблести и превенција од пороци, кои стојат зад забраната за високо образование за жените и родово сегрегирани практики во јавните простори.

Списокот вклучува и службеници на полициската станица во Москва „одговорни за произволни апсења и притворања, како и за тортура и други сурови, нехумани и понижувачки акти во контекст на цензура и угнетување од страна на руските власти“, стои во соопштението од Советот на ЕУ.

Санкциите исто така се однесуваат на високо рангирани припадници на руските вооружени сили, чии единици „систематски учествуваа во акти на сексуално и родово насилство во Украина во март и април 2022 година“.

Списокот вклучува и „команданти на јужносуданските милиции одговорни за широко распространета и систематска употреба на сексуално и родово засновано насилство како воена тактика во земјата“, а на списокот е и заменик-министерот за внатрешни работи во Мјанмар/Бурма.

Списокот на санкционирани организации ги вклучува затворот Карчак во Иран, Сириската републиканска гарда и Канцеларијата на началникот за воени безбедносни прашања во Мјанмар/Бурма, со оглед на нивната улога во сериозни сексуални и родово засновани кршења на човековите права, истакнува Советот на ЕУ.

„Наведените поединци и ентитети сега ќе бидат предмет на замрзнување на имотот на ЕУ. Покрај тоа, на поединците на списокот ќе им биде забрането да патуваат во ЕУ. Дополнително, на физичките и правните лица во ЕУ ќе им биде забрането директно или индиректно да им ставаат на располагање средства на тие кои се наведени“, се нагласува во соопштението на Советот на ЕУ.

Правните документи со имињата на засегнатите лица и ентитети се објавени во Службен весник на ЕУ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приватните детективи во Србија со полни раце работа – се лажете доколку мислите дека мажите ги изнајмуваат за да си ги следат жените!

Следно

МИНИСТРИТЕ КАКО ДА РАБОТАТ ВО ГУГЛ: Играат фудбал и кошарка на работа, а министерството како детско игралиште (ФОТО)

Latest from Blog

Промотивно видео: „Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа“

Македонската триатлон федерација го претстави своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури. -Ова видео ја

Израелскиот Кабинет ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Либан

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот Кабинет треба да се состане денес за да гласа за предлогот за прекин на огнот со Либан, поддржан од САД, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Израелскиот јавен сервис

Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е

Арсовска не планира да се бори за втор мандат: Не сакам никогаш повеќе да работам со луѓе кои само саботираат и блокираат

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, потврди дека нема да се кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите денеска, по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за ЈСП, таа истакна дека
Go toTop