Ресурсниот центар за поддршка на општините – институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија.

August 29, 2025
3 mins read

Прес-конференција на министерот за локална самоуправа, Златко Перински:

„Денес сме овде поради исполнување на уште едно ветувањe од Програмата на оваа Влада.

Во изминатата година Министерството за локална самоуправа, како никогаш досега, ја оправда својата позиција како вистински партнер на секоја општина и двигател на рамномерниот регионален развој.

И одговорно тврдам дека тоа резултираше со зајакнување на политичкиот дијалог помеѓу централната и локалната власт а доказ за тоа се иницијативите кои Владата во изминатата година ги спроведе за поддршка на општините.

Преку директен контакт и посети на општините направивме темелна процена на состојбите и ги увидовме конкретно тесните грла во спроведувањето на општинските надлежности.

Општините се соочуваат со сериозни предизвици како што се:

– недостаток на административни капацитети,

-ограничени можности за економски развој, и

– недоволно развиена инфраструктура.

Сето ова директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните.

Како одговор на ова беше спроведување на двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, како интервентна мерка за надминување на најакутните проблеми (инфраструктурни).

Меѓутоа она што исто не загрижува се капацитетите на општините за подготовка на проекти преку кои ќе привлекуваат средства во своите општини како и квалитетот на испорачаната услуга кон граѓаните.

За да се одговори на овој децениски предизвик со кој се соочуваат општините потребен е систематизиран пристап и поврзување на мерките и активностите кои и досега во одредена мера се испорачувале во функција на градењето на капацитетите на општините, но заради недостиг на кохерентност помеѓу нив не се постигнувале посакуваните резултати.

Овој пат, концептот што оваа Влада го нуди се однесува токму на тоа – систематизирана и институционализирана поддршка во функција на реформа на локалната самоуправа во форма на Ресурсен центар за поддршка на општините кој што ќе понуди изводливи и одржливи решенија за зајакнување на капацитетите на општините.

Овој центар претставува механизам што овозможува долгорочна, стручна и одржлива поддршка на сите општини во државата. Неговата цел е директно таргетирање на слабостите: недостиг на административна експертиза, слаба меѓуопштинска координација и недоволна искористеност на ресурсите со кои располагаат општините.

Ресусрниот центар ќе обезбеди поддршка која ќе гарантира зголемување на капацитетите на локалната самоуправа што ќе доведе до поквалитетни локални услуги за секој граѓанин.

Во периодот до април 2026, ќе се фокусираме на следните подготвителни активности:

– Воспоставување на ростер на експерти коишто на барање на општината би биле на располагање за надминување на предизвиците во испораката на секоја услуга во надлежност на општината;

– Патоказ односно практичен прирачник за идните градоначалници, кој ќе содржи насоки за првите чекори при преземањето на функцијата ( од организација на администрацијата, преку финансиско и буџетско планирање, до реализација на капитални проекти, комуникација со граѓаните и работата на советот);

– Насоки за надминување на препораките коишто Државниот завод за ревизија ги детектирал како слабост врз основа на извршените ревизии во општините во изминатиот период;

– Подготовка на дигитална платформа која што ќе претставува интерактивна алатка за општините преку која ќе може да побараат и да добијат одговор брзо и ефикасно;

– Поттикнување на меѓуопштинска соработка.

Со оваа иницијатива ја градиме основата за поефикасни и посилни општини.

Ресурсниот центар не започнува од нула. Тој претставува продолжување и институционализација на осумгодишниот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија.

Во оваа прилика сакам особено да се заблагодарам на Амбасадата на Швајцарија која преку конкретни иницијативи континуирано го подржува одржливиот локален развој и среќен сум што имаме прилика да ги интегрираме нивните добри практики низ нашите политики и со тоа да ги доведеме политиките за локален и регионален развој во поблиска корелација со регулативите и концептот на Европската регионална политика.

Во контекст на партнерската поддршка за воспоставување на Ресурсниот центар за поддршка на општините, со задоволство сакам да истакнам дека оваа иницијатива е препознаена како перспективна и од страна на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, со тоа што преку проектот ЕУ за општините ќе бидат спроведени активности за јакнење на капацитетите на општините како дел од концептот на Ресурсниот центар.

И секако поддршката од нашата Владата имплементирана преку УНДП ќе биде додадена вредност за обезбедување на одржливост и понатамошно надградување на Ресурсниот центар.

Уверен сум дека со овој ресурсен центар ќе изградиме посилна локална самоуправа, ќе обезбедиме порамномерен развој и ќе создадеме подобри услови за живот на граѓаните во сите делови од нашата држава.

А јас лично, во рамки на мојот мандат како министер за локална самоуправа, останувам и понатаму безрезервно посветен и на располагање за нови иницијативи кои што ќе направат разлика во квалитетот на животот на граѓаните.

Ви благодарам на вниманието и стојам на располагање доколку имате дополнителни прашања.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од заштитени реки до нови мегавати: Норвешка, „зелениот шампион“ што ја менува играта

Следно

Желба за енергетска независност: Норвешка ќе гради мали хидроцентрали и во заштитени реки

Latest from Blog

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на
Go toTop