Денеска во Монако е ждрепката за ЛШ! Пред нас е нова спектакуларна сезона!

August 28, 2025
1 min read
ФОТО: UEFA.COM/X

Откако синоќа ги дознавме последните патници во елитата, денеска во 18 часот во салата Грималди во Монако, ќе се одржи ждрепката за новата сезона во Лигата на Шампионите или одредувањето на тоа кој со кого ќе игра.

Тука се учествуваат 36 клуба, поделени во четири групи врз основа на нивните индивидуални коефициенти. Носителите на титулата во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, ќе бидат први носители во Група 1. Автоматизиран софтвер ќе извлече осум противници за секој клуб. Секој клуб ќе игра против два противници од секој шешир, еден дома и еден на гости.

Учесници во Лигата на шампионите:

ШЕШИР 1: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона.

ШЕШИР 2: Арсенал, Баер, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж.

ШЕШИР 3: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Боде/Глимт, Марсеј.

ШЕШИР 4: Копенхаген, Монако, Галатасарај, Ројал Унион Сен Жилоаз, Атлетик, Њукасл, Карабаг, Пафос, Каират. Систем на натпреварување

Секој тим ќе игра осум натпревари против осум различни противници, по два од секој шешир, вклучувајќи го и својот.

Четири натпревари ќе се играат дома, а четири ќе се играат на гости.

Ниеден тим не може да се соочи со противник од земјата од која доаѓа, но не повеќе од два противници од истата земја. Се формира една голема табела, а првите осум се пласираат директно во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тимовите што ги заземаат позициите од 9-то до 24-то место одат во плејофот за осминафиналето на ова натпреварување, а последните 12 финишери се збогуваат со европските натпреварувања.

Термини на натпреварите:

1. коло – 16-18 септември
2. коло – 30 септември и 1 октомври
3. коло – 21 и 22 октомври
4. коло – 4 и 5 ноември
5. коло – 25 и 26 ноември
6. коло – 9 и 10 декември
7. коло – 20 и 21 јануари
8. коло – 28 јануари
Плејоф натпревари 17 и 18, 24 и 25 февруари
16 и 11, 17 и 18 март
Четвртфиналиња 7 и 8, 14 и 15 април
Полуфиналиња 28 и 29 април и 5 и 6 мај
Финале 30 мај

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити: Околу 1.000 првоодделенци во Чаир ќе бидат пречекани во подготвени училишта

Следно

Новосаѓани со акција за помош на жртвите во Газа

Latest from Blog

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Поранешен резервист од американскиот морнарички корпус осуден е за обид за убиство на полицаец на 100 години затвор. Другите ќе отслужуваат казни од 30 до 70 години, според Министерството за правда. Минатата година,

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се
Go toTop