Меџити: Околу 1.000 првоодделенци во Чаир ќе бидат пречекани во подготвени училишта

August 28, 2025
1 min read

Скопје, 28.08.2025 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена.

„Денес одблизу ги видов подготовките за почетокот на новата учебна година во Основното училиште „Васил Главинов„ во Чаир, со што ја заокруживме кампањата за генерално чистење на сите основни училишта во Општина Чаир. Со ова, училиштата се целосно подготвени да ги пречекаат учениците на 1 септември“, изјави Меџити.

Меџити нагласи дека една од најпозитивните карактеристики на ова училиште е тоа што тука учат ученици од сите етнички заедници кои живеат во Чаир, добар пример за соживот и меѓуетничка хармонија.

„Наша обврска е на учениците, кои за среќа се многубројни во Општина Чаир, каде што само бројот на првоодделенци е околу 1.000 деца, да им овозможиме што подобри услови за учење и развој“, додаде Меџити.

За време на оваа посета, Меџити исто така најави дека наскоро ќе го промовира концептот за настава во една смена, почнувајќи од Основното училиште „Конгреси и Манастирит“, од 1 септември.

Првиот вицепремиер Меџити им се заблагодари на раководителите на основните училишта и наставниот кадар за нивната максимална посветеност, за 1 септември да не затекне подготвени да ги пречекаме првоодделенците со достоинство и почит.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби, велат од „Вреди“

Следно

Денеска во Монако е ждрепката за ЛШ! Пред нас е нова спектакуларна сезона!

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop