Плоштадот во Охрид ПРЕТЕСЕН, испратена моќна порака „Македонијо во срце те носиме“!

August 27, 2025
1 min read

Со полно срце, под ѕвезденото небо на древниот Охрид и во
сенката на Самоиловата тврдина, вчеравечер стартуваше големото музичко патување
– караванот „Македонијо во срце те носиме“. Музиката која ја слави душата на
народот повторно нѐ обедини, а во атмосфера што ќе се памети илјадници граѓани ги
пееја најубавите македонски песни во еден глас, покажувајќи колку длабоко во
срцето ја носат македонската музика, традиција и идентитет.

Овој концерт беше повеќе од културен настан – беше
вистинско емоционално обединување на генерации, на срца, на надежи.

Со силна
порака и гордост, патриотскиот караван го започна своето патување низ
Македонија, носејќи ја музиката што ги враќа спомените и што ги буди чувствата
на припадност.

Беше испратена уште една порака да го поддржиме Марко
Пејчиновски, момчето херој, момчето симбол на истрајноста и љубовта кон
татковината, кое во чест на утрешниот празник Голема Богородица тргнува во уште
една мисија – модифициран Ironman триатлон во должина од 107 километри.

„Неговиот дух инспирира и потсетува дека физичките пречки
не се пречка кога љубовта, волјата и мотивацијата се посилни од сè.
Нека запеат сите ангели за тебе, Марко!“,порача Бојана и својата песна
му ја посвети токму нему.

Проектот, зад кој стои  Скендеровски продукција, продолжува во недела
(31 август) во Делчево, каде што повторно ќе одекнуваат најубавите македонски
песни, отпеани од врвни уметници, кои со секој тон ја слават нашата земја.

Мисијата
продолжува – да ја
обоиме Македонија со најубавите звуци, да се собереме повторно, да пееме во еден глас и да
покажеме дека Македонија е вечна – затоа што живее во срцето на народот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Госпоѓо, така не се пере автомобил“ – Мерцедесот под специјален третман, снимката е хит (ВИДЕО)

Следно

Тоневски: Рударите се столб на развојот на Пробиштип и Крива Паланка

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop